Зошто младите во Македонија сакаат да се коцкаат?

Откако ќе наполниме 18 години, стануваме полнолетни, а со полнолетството ни се отвараат многу врати. Па, така од 18 години, ни се отвара и една друга врата, кој не носи во друг свет, а тоа е светот на покерот, рулетот и слот машините.
Со еден збор, можеме да влеземе во светот кој ќе ни покаже како се прават „лесни пари“ или како најлесно да западнеме во долгови.
Казината отсекогаш биле одличен бизнис за оние што ги поседуваат. Младите во Македонија, се повеќе сакаат да одат во казино и да го почувствуваат она што го гледаат на филмовите и сериите. Да седнат на масата за покер и да речат „all in“, или да седнат на масата за рулет и да вложат на црно, црвено или зелената нула која најретко се паѓа, но кога ќе се падне знае да израдува многу лица.
Сепак, она што го доживуваат младите во Македонија со одење во казино, нималку не наликува на она што го гледаат во сериите и филмовите. Најчесто младите одат во казино за да направат пари. За жал, секој оној кој влегува во казино со оваа помисла, во 90 отсто од случаите си оди дома без скршен денар.
Казината треба да се посетуваат за забава и рекреација. Секој оној кој мисли дека преку казината ќе заработи, од старт се излажал. Таа помисла ќе го тера се почесто да оди во казино, а на тој начин несвесно полека, но сигурно станува зависник од коцката.
За жал, тоа најчесто им се случува и на младите во Македонија, па додека да се свестат тие веќе изгубиле многу пари, се задолжиле кај другарите и несвесно почнале да крадат пари од своите родители.
Како што велат дека дрогата е еден од најлошите пороци на човекот, таква е и коцката. Затоа е потребно, младите во Македонија да бидат свесни дека брзи и лесни пари во животот нема, а уште помалку преку коцката. Одењето во казино треба да го направите забавно, одете со друштво смејте се, вложете минимални пари, па доколку фатите некоја добивка на покер, рулет или слот машините, со тие пари почастете го целото друштво, доколку не с случи тоа, одете си дома и никогаш не помислувајте да се вратите со цел да направите „брзи и лесни пари“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Откако ќе наполниме 18 години, стануваме полнолетни, а со полнолетството ни се отвараат многу врати. Па, така од 18 го

Пронајдете не на следниве мрежи: