Зошто мора да бидеш КУЧКА, за да те сака најмногу на свет?!

Дали некогаш си се запрашала зошто и покрај тоа што си го покажала своето најдобро лице, мажите од твоите соништа редовно одбираат други девојки?Понекогаш не е доволно да се биде искрен кон мажите. „Не ме бараш доволно“ или „Никогаш не ми кажуваш дека ме сакаш“ нема да ви го донесе саканиот резултат и дефинитивно нема да ги промени работите.
Ако си премногу добра и фина, јасно му даваш до знаење дека твојата среќа зависи од него – а за поголемиот дел од мажите тоа е јасен сигнал дека е време да избегаат.
Мажот никогаш не треба да биде да биде сигурен во фактот дека ти е потребен. Напротив.
Ако јасно му дадеш до знаење и му покажеш дека не ти е потребен за секоја работа, во неговиот мозок ќе се запали ламбичка која јасно ќе му сигнализира дека мора повеќе да се потруди, да ти покаже дека ти е навистина потребен.
Верувале или не, мажите потајно ги почитуваат и обожаваат девојките/жените кои се силни, имаат самодоверба и сопствени соништа. Ништо не е попривлечно од девојка која се гордее со тоа што е. Дури и ако тоа не е она што го бараат мажите, ќе бидат во искушение да и пружат шанса – ако таа им пружи нив.
Зошто?
Затоа што такви девојки има многу малку, особено ако ги земеме в предвид бројните совети кои медиумите ги упатуваат и кои велат да се однесуваат како просечен слуга за да го добијат својот маж од соништата.
Всушност никој нема моќ да те направи среќна, тажна, исполнета, депресивна, освен ти самата. Ти ја држиш контролата над својот живот и затоа никако не би требало да мислиш дека секое момче со кој си излегла е твоја последна шанса за љубов. Тој треба да се труди околу тебе, а не обратно.
Затоа понекогаш мора да се однесуваш како кучка, само понекогаш.
Ако претераш и ако му покажеш дека воопшто не ти е потребен, многу лесно може да се случи да се почувствува отфрлено и среќата да ја побара на друго место.
Но ако од време на време му префрлиш нешто „го казниш“ бидејќи не направил нешто како што треба, тоа ќе биде доволно да сфати дека не е се готово и дека и понатаму мора да се труди и да работи на себе за да стане мажот кој го посакуваш.
„Ние едноставно сакаме лов, но подеднакво сакаме и мекањето после него“. Во случај ако видиме дека ловот е готов, му се препуштаме на се она што следи после – храна, пиење, другари. Ќе почнеме да ја земаме врската здраво за готово знаејќи дека конечно ја добивме девојката и можеме да се посветиме на другите работи кои нас не интересираат…

 
И тука поголемиот број на девојки ја губат битката. Понекогаш мора да бидеш кучка и да му префрлиш за фрлањето на ѓубрето, миењето садови, средување, нежност, романтика, секс… Мораш да му покажеш дека имаш заби и свое јас. Мораш да му покажеш дека имаш свој живот кој нужно не го вклучува него, но дека си подготвена да го пуштиш во него.
Вистинскиот маж (за тебе нормално) ќе го сфати сигналот дека ловот се уште не е готов и дека мора уште да работи на себе и со своите вештини да те улови.
„Ние сме едноставни и не сакаме да комплицираме, бидејќи така си го комплицираме и животот. Затоа понекогаш и ни е полесно кога јасно ќе ни ги дадете до знаење проблематичните работи кои фината девојка би ги премолчила бидејќи тогаш би можеле да работиме на нивното решавање“.
Нормално, не постои универзално упатство за кучки, но ако видиш дека се труди, ги почитува твоите желби и твојата личност, на добар пат си – ако постојано е мрзоволен, несреќен, и избегнува било каква конверзација со тебе, можеби би требало да ги преиспиташ своите методи бидејќи да се биде кучка не мора да значи дека тоа мора да биде лоша работа, особено ако тоа го правиш од вистински а не погрешни причини. Понекогаш не е доволно да се биде искрен кон мажите. „Не ме бараш доволно“ или „Никогаш не ми кажуваш дека ме сакаш“ нема д

Пронајдете не на следниве мрежи: