Зошто на старите фотографии луѓето никогаш не се смеат?

Николас Џивс, уметник, писател и преведувач на Кембриџ, смета дека за тоа има две причини. Прочитајте го неговото објаснување:На старите фотографии луѓето се секогаш сериозни, како да го носат целиот товар на овој свет. Многу се ретки фотографиите на кои нашите предци позираат со насмевка на лице. Дали затоа што немало никој да им каже „насмевка“? Или можеби тогашната лоша хигиена на заби била причината за тоа?
Ова е објаснувањето на Николас:
Првото е  што луѓето кои се сликале морале да позираат по неколку минути, па тешко им било да ја задржат насмевката долго. Во 1826 година на фотографот Нисефор Нијепси му биле потребни 8 часа за да го овековечи „Point de vue du Gras“.

 
Неговиот сонародник Французинот Луј Дагер го намалил времето на 15 минути но дури 16 години подоцна.
Другата причина е од сосема поинаква природа. Во тоа време човек кој се смеел асоцирал на глупак. Кога луѓето се сериозни даваат впечаток дека се отмени, а доколку се насмеани даваат впечаток на бедотија.
-Во тоа време во Европа, важело правилото дека луѓето кои се смеат се сиромашни, пијани, малоумни или забавувачи.

Пронајдете не на следниве мрежи: