Света Гора во Грција, одбележува илјада години од православното монаштво на полуостровот Атос која се простира на површина од 335 квадратни километри.Оваа планина можеби е најголема област на светот каде што жените, па дури и животни од женски пол не смеат да пристапат.
Според авторот на книгата „Mount Athos: Renewal in Paradise” на доктор Грахам Спик, според правилото на богослужбата кое се нарекува типик, од 10. век се забранува на Света гора да се донесат женски животни, но ништо не се наведува за жените, бидејќи „сите знаат дека на жените не им е дозволен пристап во машките манастири“.
Тоа бил наједноставен начин да се обезбеди целибат.
Она што Атос го прави поинаков од другите манастирски поседи е што целиот полуостров се смета за еден голем манастир.
Постои уште една причина поради што на жените им е забранет пристапот, а е поврзано со православното предание.
Според преданието, Богородица тргнала во друг правец кога се обидела да доплови до Кипар и стигнала до Света Гора. Толку ѝ се допаднало, што го замолила својот син таа земја да ја нарече за своја и тој се сложил.
Атос уште се нарекува и „градина на мајката Божја“.
Единствен исклучок кога станува збор за доведување женски животно се мачките, кои ги ловат глувците и дивите животни.
Меѓутоа, некои жени го посетиле полуостровот и покрај забраната, пишува „Би-би-си“.Оваа планина можеби е најголема област на светот каде што жените, па дури и животни од женски пол не смеат да пристапат.
Според авторот на