Тестаментот е последната прилика луѓето да кажат што навистина мислат. Некои од познатите ова го сфатиле навистина буквално. За последните желби на некои се зборува и денес, децении после нивната смрт.Џек Бени бил познат американски хуморист, една од најголемите радиски ѕвезди, а после тоа и популарна телевизиска ѕвезда. Пред да почине во 80-тите години од рак на панкреасот во октомври 1974-та година, Бени направил уште еден, последен романтичен гест за својата сопруга Мери Ливингстон.
Џек Бени и Мери Ливингстон биле во брак 48 години. Неговата последна желба била неговата сакана секоја година на годишницата на неговата смрт, таа да прима по една црвена ружа, како симбол на љубов и приврзаност. Оваа традиција траела се до нејзината смрт, осум години подоцна.
Историјата Мерлин Монро ја запамети како проблематична и чудна славна личност. Најубавата плавуша на светот, починала на само 36 години, како што се тврди поради преголемата доза на пилули во комбинација со алкохол. Иако млада, глумицата веќе имала припремено тестамент. Наиме сите нејзини работи требало да ги наследи нејзиниот ментор и учител по глума Ли Страсберг. Интересно е што тој со нејзините работи не направил речиси ништо. Дури после неговата смрт во 1982-ра година вдовицата личните предмети на славната глумица ги дала на аукција. Продадени се за неверојатни 13,4 милиони долари.
Уште една дива го напушти светот во своите млади години. Само два дена пред да почине, Џенис Џоплин го променила својот тестамент. Во него оставила 2.500 долари се со цел да организира посмртна забава во нејзина чест во нејзиниот омилен клуб. Секако, забавата требало да трае цела ноќ.
Најголем дел од луѓето не ни слушнале за Фредерик Бауер, но сигурно купувале барем еден од неговите производи. Всушност, станува збор за човекот кој ја измисли Принглс конзервата за познатиот чипс. Кога умрел, побарал да биде погребан во една од нив.
Џин Роденбери, најпознат како креаторот на Ѕвездените патеки, кога во 1991-ва година починал од срцев удар, неговата пепел била испратена во вселената.
Еден од најголемите илузионисти и маѓионичари, Хари Худини починал далечната 1926-та година. Меѓутоа, пред смртта, Худини со својата жена се договорил за тајниот знак кој само тие двајца би го знаеле и кој би го употребиле за контакт после смртта. Неговата сопруга секоја ноќ станувала вештерка, кога духовите биле најблиску до живите, одржувала сеанси во обид да контактира со сопругот. Приказната вели ека тој никогаш не и се јавил.
Еден од најголемите британски автори на сите времиња, Чарлс Дикенс во својот тестамент напишал јасни инструкции. Креаторот на Божиќните приказни сакал светот да го памти само по неговите дела. Поради тоа тој побарал никогаш да не му се подигнуваат споменици или спомен-плочи во негова чест. Последната желба на големиот писател не е исполнета и спомениците во негова чест постојат ширум светот.
Уште на еден познат писател не е исполнета. Римскиот писател Вергилиј побарал неговиот најпознат еп да се запали после неговата смрт. Ова секако, не е направено, па бројните љубители на уметноста и денес можат да уживаат во ова дело.
Освен многуте приказни од животот, прочуениот освојувач Наполеон Бонапарта го следи и една необична анегдота која наводно се случила непосредно пред неговата смрт. Всушност, Бонапарта наводно побарал да биде ишишан скроз, а неговата коса да биде поделена помеѓу неговите пријатели.
Џереми Бентам бил британски филозоф, реформатор на правниот систем и основач на утилитаризмот. Развил морален и филозофски систем кои се засноваат на идеата за порационални и несебични суштества. Неговата последна желба била еден од најоргиналните. Всушност, тој побарал после неговата смрт, неговот тело да биде препарирано, облечено во неговата одела и јавно изложено. Неговото тело и денес се наоѓа во колеџот во Лондон.
Извор: think.mkЏек Бени бил познат американски хуморист, една од најголемите радиски ѕвезди, а после тоа и популарна телевизиска ѕвезда. Пред да