Зошто не можеме да одолееме на чипс?

Неретко се случува да отворите ќесичка чипс и тој за неколку минути “магично да исчезне”. Научниците конечно објаснуваат зошто овие грицки се толку неодоливи.Причината поради која постојано ја враќате раката во ќесичката чипс нема голема врска со компирот, без оглед на тоа колку сте страсни кон неговиот тенок облик и текстура. 
Двете главни карактеристики на чипсот е дека е солен и масен, а според бројните научни студии, јадењето на солена храна го поттикнува лачењето на допамин – невротрансмитер кој е одговорен за средиштето на лимбичкиот систем кој пак ги регулира функциите кои се поврзани со задоволството.
Едно австралиско истражување ги потврдило овие резултати – на испитаниците им биле понудени четири оброци за ручек, со што тие можеле да одберат што да консумираат и во колкава количина.
Секоја недела им биле понудени и еден вид на тестенини на кои им билa менувана количината на соли и масти. Така тие првата недела биле помалку масни и помалку солени, а последната недела – многу масни и солени. 
Без оглед на маснотиите, испитаниците консумирале 11 отсто повеќе храна кога таа била посолена. “Доколку храната е помалку солена, полесно е да се контролира нејзиниот внес и да се внимава на дисциплината”, објаснува авторот на студијата, Расел Кист.
“Меѓутоа, кога ѝ додаваме сол, сè паѓа во вода – мозокот сака сол и допамин”, вели тој.
 Причината поради која постојано ја враќате раката во ќесичката чипс нема голема врска со компирот, без оглед на тоа колку сте страсни кон нег

Пронајдете не на следниве мрежи: