Зошто не сте среќни во својот дом: 6 точки на кои се собира негативна енергија

Иако домот се смета за место каде собирате позитивна енергија, се релаксирате и ги полните батериите, вие во вашето гнездо не се чувствувате топло, радосно ниту пак пријатно. Зашто тоа е така? Дизајнерите на ентериерот и Фенг Шуи ве предупредуваат на овие 6 причини…1. Во вашиот дом нема билки и цвеќиња
Стручните лица за уредување на ентериер ќе ви кажат дека дом без барем една билка не е дом! Зеленото ливче и свежото цвеќе носи светлост, освежување и повеќе зраци во домот. Исто така ја заживува просторијата, а некои студии покажале дека присуството на билките во домот го смалува стресот. Сега имате доволно причини да отидете до најблиската цвеќара и да си купите некоја билка. Стручните лица на Фенг Шуи советуваат тоа да биде бамбус кој носи среќа во куќата. Избегнувајте ги кактусите и билките со остри листови. Грижете се добро за билките.

 2. Единствено осветлување имате на таванот
Доколку во вашата дневна соба или кујна се наоѓа само едно светло – тогаш имате сериозен проблем! Халогенките сега се модерно осветлување но не и доволен извор на светлина. Задолжително опремете го домот со ламби кои дополнително ќе го осветлат просторот. Освен тоа топло осветлена просторија ќе предизвика подобро расположение во домот. Користете и свеќи.

 3. Немате чист влез во домот
Учителите на Фенг Шуи советуваат влезот во вашиот дом мора да биде уреден и чист ако сакате да имате позитивна енергија во вашиот дом! Пред влезната врата никако немојте да оставате вреќи за ѓубре или канти, а во ходникот не смеете да имате премногу работи ниту пак неред, а посебно растурени обувки. На овој начин полесно ќе ја истерате негативната енергија, а на позитивната широко ќе и отворите врата.

4. Фокусна точка е ТV-то
Идеална фокусна точка во дневната соба е каминот, а не TV-то. Треба да се постави на некоја помалку значајна точка во дневната, или да се чува во затворен регал со врати и по потреба да се користи. Но можеби така некогаш ги чувале телевизорите, но денеска се гордо закачени во дневната соба со големина колку цел ѕид и фокусот паѓа токму на нив. Во секој случај внимавајте во вашата спална соба да нема TV, но доколку има, веднаш преместете го на друго место.

 5. Трпезаријата ви е во плава боја
Ако мислите дека боите немаат врска со апетитот, се лажете. Некои истражувачи дошле до заклучок дека бојата на вашата чинија и трпеарија, влијае брз апетитот.
Плавата боја го „убива“ апетитот и е одличен соучесник доколку сакате да ослабете, но доколку сте подготвиле вечера за пријателите, не сакате сигурно да ја сервирате во истите чинии. Освен тоа плавата боја е добар избор за спалната соба бидејќи повикува на убав и мирен сон.

 6. Немате шаренило во домот
Кога бирате јастучници или тапети, дозволете си малку слобода. Помешајте ги боите и структурите и дајте му идентитет на својот дом. Домовите кои се обоени во само една боја, без шаренило и интересни детали, потсетува на болница и стерилни простории каде нема место за позитивна енергија. Обезбедете си некој Фенг Шуи детаљ, одберете тапет за еден ѕид или пак збогатете ја софата со весели јастучници.
1. Во вашиот дом нема билки и цвеќиња
Стручните лица за уредување на ентериер ќе ви кажат дека дом без барем една билка не

Пронајдете не на следниве мрежи: