Зошто не треба да ги чистите ушите со стапчиња?!

Немојте да ги чистите ушите со познатите стапчиња, кои сите вие ги имате во домот а се наменети за чистење на ушите. Зошто? Оториноларинголозите предупредуваат…Се истуширавте ја исушивте косата и сега е време да ги исчистите и ушите, површински па малку длабоко за да се собере целата вода. Убаво звучи, но е штетно и опасно, согласни се повеќето од оториноларинголозите, а еве и зошто:
Церуменот или народски кажано ушната маст е дел од внатрешноста на секое уво. Вишокот церумен како и нечистотиите и водата треба да бидат, отстранети, а тоа е и причината зошто ги користите ушните стапчиња. Но, оториноларинголозите предупредуваат, со оваа постапка ушната маст всушност не ја чистите туку добар дел од неа секојдневно туркате се повеќе и повеќе во увото. После одреден период се создава кора од ушна маст, која е тврда и тешко пробојна, таа е причина за шуштење, зуење, а често е и физичка препрека за нормално слушање. Првенствено овие стапчиња не можат директно да влијаат на оштетување на слухот, но можат да направат надворешни повреди, а не ретко да внесат и бактерии кои ќе направат инфекции. Стапчињата прават поголема штета отколку корист – велат оториноларинголозите.
Тогаш како да ги чистам?

После туширање увото се чисти со крајот од крпата, благо се навлекува со крајчето од чистата крпа се задржува неколку секунди за да се впие водата и пота се вади крпата, без никакви дополнителни манипулации.
Оториноларинголозите велат дека проблемот не е во ушните стапчиња туку во нивното неправилно користење, луѓето се премногу агресивни, навлегуваат длабоко и прават агресивни движења кои се опасни бидејќи се повеќе церумен се турка внатре во шниот канал при што ризикот за компликации драстично расте. Тие велат дека чистењето на увото само со чиста крпа, односно со нејзиното крајче е многу по безбедно, бидејќи нуди помали можности да притиснете и да навлезете длабоко во увото. Доколку пак и понатаму сакате да ги практикувате ушните стапчиња тогаш запомнете 8220;што посилно и подлабоко влегувате, ризикот за компликации е се поголем, затоа навлегувајте само благо на површината не притискајте туку само задржете неколку секунди и потоа полека извадете.
Извор: Доктори.мкСе истуширавте ја исушивте косата и сега е време да ги исчистите и ушите, површински па малку длабоко за да се собере целата вода. Убаво звучи, но

Пронајдете не на следниве мрежи: