Зошто НИКОГАШ не треба да ги фрлате корите од портокалот и бананата? – I дел

Дали знаете дека лушпите на некои овошја ги содржат некои од најмоќните хранливи материи во светот? Постојат многу начини на употреба, и медицински и практични за портокалите и бананите и нивните лушпи кои не се познати на многумина. Значи, следниот пат кога ќе размислувате за фрлање на нивните лушпи, можеби ќе сакате да се потсетите на оваа информација.Лушпи од портокал
Портокалите имаат тенденција да се одгледуваат со пониска употреба на пестициди од повеќето овошја.
Но, добар начин за прочистување е 1 лажица сок од лимон и 1 лажица бел оцет во 1 чаша вода, која ќе го отстрани речиси секој од пестицид со леснотија.
Кората од портокалот и јаболкото се слични, бидејќи повеќето од хранливите материи се во „кожата“ на овие плодови. Според Ребека Вуд, автор на The New Whole Foods Encyclopedia еден среден портокал содржи повеќе од 60 флавоноиди и 170 различни фитонутритиенти. Тие се добри за вашата кожа и вашиот имунолошки систем.

Лековити својства на лушпите од портокал
Кората од портокалот го подобрува варењето на храната а може и да го забрза вашиот метаболизам. Таа е исто така одлична за подобрување на вашиот апетит и олеснување од гадење од храна.
Поради своите смирувачки својства, кората од портокал му помага и на респираторниот систем и ја ублажува кашлицата и астмата.
Истражувањата покажале дека со кората од портокал може да се излечи холестеролот и триглицеридите. Тоа значи дека од кората од портокал голема корист можат да имаат дебелите луѓе кои имаат високо ниво на холестерол.
Таа има флавоноиди познат како hesperidine, кои се ефикасни против ракот на дебелото црево и остеопорозата.
Етеричните масла од портокал се доста голем седатив бидејќи се одлични за смирување на нервите и поттикнување на спиењето. Користете лушпи од портокал во бањата или ставете ги да вријат во тенџере и поттикнете го вашето добро расположение или победете ја несоницата на природен начин.

Својствата за убавина на лушпите од портокал
Поминувањето нежно со лушпите од портокал на кожата може да ви помогне при мрсната кожа. Тоа го балансира маслото на кожата и ја прави вашата кожа мазна и помека.
Сувата кора од портокал може да дејствува како природен отстранувач на мртвите клетки и и црнки на нежен и природен начин.
Лушпата од портокал може да помогне и во отстранувањето на темни дамки.
Таа работи добро и против мозолчињата и акните.
Лушпите од портокал во готвењето
Ако користите лушпи од портокал во готвењето може да го подобрите вкусот и аромата на многу јадења.
Бонбоните направени од лушпи од портокал можат да го подобрат вашиот апетит а витаминот Ц во нив ќе ви помогне при заштита на имунолошкиот систем.  
Во вториот дел ќе ви објасниме каква корист имате од кората од бананата!Лушпи од портокал
Портокалите имаат тенденција да се одгледуваат со пониска употреба на пестициди од повеќето овошја.

Пронајдете не на следниве мрежи: