Речиси секоја личност која има пристап до интернет барем еднаш се нашла во ситуација да „гугла“ симптоми на некоја болест.Како последица на тоа најчесто се јавува паника, бидејќи резултатите од пребарувањето на симптомите најчесто завршуваат со заклучокот дека имате некаква неизлечива болест.
Токму заради овие дијагнози кои многумина сами си ги поставуваат по гуглањето на симптомите, лекарите препорачуваат неколку совети:
-Никогаш не си поставувајте дијагноза самите: Тоа може да биде многу опасно. Гуглањето на симптомите ќе ви одземат многу време, а со тоа ќе се одложи одењето на лекар и барањето помош.
-Не си препишувајте лекови сами на себе: Едно е барањето совети за здрава исхрана на интернет, а сосем друго е примената на некои средства за лечење на конкретни болести.
-Пребарување на блогови: Само затоа што некој блог е популарен, не значи дека знаат за што пишуваат. Освен тоа, првата страница која Гугл ја нуди не мора да биде и најточна.
-Одете на лекар: Едноставно е-читањето и информирањето на интернет само дополнително ќе ве загрижи, но нема да ве излечи. За конкретна дијагноза и лечење мора да одите на лекар.Како последица на тоа најчесто се јавува паника, бидејќи резултатите од пребарувањето на симптомите најчесто завршуваат со заклучокот дека имате не