Зошто „обичните жени“ имаат комплекс?

Иако би требало да се најзадоволни, жените во средните години (35-49) имаат најниска самодоверба, покажува резултатот од едно британско истражување. Жените на возраст од 35 до 49 години, се нервираат поради својот изглед повеќе од тинејџерките, жените во 20-тите години и оние постарите, а пола од нив се задоволни со својот изглед.
За овој феномен зборуваше британската министерка за еднаквост на половите, Џо Свинсон, која ги обвинува славните личности кои со пластичните операции поставуваат невозможни стандарди во изгледот, пишува „Дејли Мејл“. Таа кажува дека обичните жени се чувствуваат инфериорно и поради фотографиите со Фотошоп.

„Кога ќе ја погледате жената, како што е Хелен Мирен, помислувате колку е преубава. Таа има брчки на лицето, кои го доловуваат нејзиниот карактер и фактот дека живеела интересен живот“ – рекла Џо Свинсон.
Свинсон исто така ги истакна и Ема Томпсон и Мерил Стрип, како жени кои треба да се пофалат затоа што го прифатиле стареењето како нормален процес.
„Животот носи преубави промени со годините и тоа треба да се прифати, отколку да пробаме да го поправиме изгледот, за да личиме на 20-годишни девојки“ – заклучува Свинсон.Жените на возраст од 35 до 49 години, се нервираат поради својот изглед повеќе од тинејџерките, жените во 20-тите години и оние постарите, а пола о

Пронајдете не на следниве мрежи: