Зошто Пендаровски и СДСМ лажат за кандидатурата за претседател?Можно ли е екс советникот на Бранко Црвенковски и актуелен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции во социјацдемократскиот сојуз да не знае за неговата кандидатура? Во денешната изјава за „Република“ Стево Пендаровски која што може да се третира како крајно потценувачка и за медиумот и за јавноста тој вели дека тој со никого не разговарал за кандидатурата за претседател што е контрадикторно со вчерашната инфорамција на Прес 24. А неа индиректно ја потврдија медиумите и новинарите на опозицијата кои јавно протестираа што тие не биле првите што ја дознале и објавиле оваа информација притоа познавајќи ги состојбите во СДСМ од прва рака во првите моменти воопшто не спореа дека Пендаровски е партискиот кандидат. Дури денеска откако разбраа дека ја утнале работата започнаа да ги бранат СДСМ и Пендаровски.
Како и опозиционите медиуми и членовите на СДСМ и целата јавност знае дека Стево Пендаровски, кој постојано е гледан во канцелариите на Заев и Шекеринска во седиштето на партијата, е најсериозниот за кандидат за претседател предложен од Бихаќка. Што е причината за ваквиот негирачки однос на социјалдемократите и Пендаровски кои, иако целата јавност знае дека тој ќе биде кандидат, сѐ уште кријат што е договорено на релација Црвенковски – Заев – Пендаровски.
Постои ли можност Пендаровски доколку не биде назначен и договорен пред партискиот конгрес на истиот да се соочи со други кандидати при што би можел да не ја добие поддршката од крилата во СДСМ кои што одбиваат сѐ уште да работат по налог на екс претседателот Црвенковски. Поради тоа ли Пендаровски мора да се срами и кажува дека не знае ништо иако целата јавност знае се за состојбите во СДСМ. Во исто време на другата страна ВМРО – ДПМНЕ која СДСМ ја напаѓа како недемократска јавно ги објави или ги потврди сите информации за пријавените кандидати и иницијативите за поддршка како што тие доаѓаа во партијата.
Раководството на СДСМ сепак денеска не се занимава со кршењето на внатре партиските демократски процедури или расчистувањето со влијанието на Црвенковски во партијата туку со бркање на кртовите кои што брифираат за кандидатурата на Пендаровски. Според партиски извори најголемито сомнеж е кај двајца високи членови на СДСМ кои што имале информации за договорот за Пендаровски, а имаат добри односи со широка лепеза на медиуми. Останува енигма прашњето зошто и СДСМ и Пендаровски ја кријат вистината кога Пендаровски постојано е во штабот на партијата каде што Советот за Безбедност и НАТО интерграции заседава еднаш месечно, а досега јавноста не чула за ниедна иницијатива на оваа тема од најголемата опозициона партија. За што разговараат Пендаровски и Заев и Шекеринска ако не за кандидатурата за претседател, и тоа на нецели два месеци пред изборната трка.
РепубликаМожно ли е екс советникот на Бранко Црвенковски и актуелен претседател на Советот за безбедност и НАТО интеграции во социјацдемократскиот сој