Зошто помладите мажи сакаат постари жени?

Во последно време сексуалната или романтична врска меѓу помлад маж и постара жена не е нешто невообичаено. Многу мажи пронашле љубов, согласност и среќа со постарите жени.Во денешно време, годините не се критериум кога станува збор за љубовта. 
Зрелост и доверба
Постарите жени внесуваат чувство на зрелост и самодоверба во врската. Таквите жени имаат многу повеќе искуство и се постабилни отколку помладите жени и тоа на мажите им создава чувство на пријатност. Зрелите жени знаат што сакаат и се поодговорни во врската
Постарите жени се забранети
Овој фактор ги прави привлечни за помладите мажи. Нормална тенедеција на луѓето е да го сакаат она што не можат да го имаат и она што се нарекува забрането овошје.
Помала конкуренција
Младите жени имаат неколку мажи кои ги сакаат. Постарите не нудат алтернатива. Исто така постојат многу слободни и атрактивни постари жени кои ловат помлади мажи, кои се лесно освоиви.

Преземање контрола
Помладите мажи немаат многу искуство со жените и не знаат што да очекуваат. Во врската помага кога еден ќе ја презеде контролата, бидејќи е поискусен. Постарите жени се грижат и да не забременат земајќи контрацепциски пилули.
Интелигенција и доверба
Луѓето со годините стекнуваат се поголема доверба. Мажите ги сметаат постарите жени за атрактивни, бидејќи не се површни. Разговорот со постара жена може да биде интересен и интелектуален, додека младите жени се помалку зрели, а понекогаш и плитки.
Извор: НетпресВо денешно време, годините не се критериум кога станува збор за љубовта. 
Зрелост и доверба
Постарите жени вн

Пронајдете не на следниве мрежи: