Доволна е само една пијана ноќ за да ни ја расипе линијата, утврдила студиајта на британската организација за слабеење „Slimming World“ спроведена на 2.000 луѓеПосле бурната пијана ноќ, во просек се здебелуваме по 1-килограм, но за тоа не е виновен алкохолот, туку утрото кое не тера на многу храна поради мамурлакот.
Со мрсната храна, како што се чипсот, ќебапите и пиците, луѓето настојуваат да ги ублажат последиците од мамурлакот, па често внесуваат повеќе од 5.000 калории.
И со здрава исхрана, една пијана ноќ неделно може да предизвика дебелеење и наталожување до 12 килограми за една година, предупредуваат стручњаците од „Slimming World“.
Мажите после четири пива од половина литар почнуваат да пијат и да јадат повеќе отколку обично, а на жените за прекумерна исхрана доволни им се две до три чаши вино. Во просек мажите во една бурна ноќ со алкохолот внесуваат 1.795 калории, со храната 3.126 калории, а вториот ден поради мамурлакот 2.025 калории.
Поради тоа, мажите внесуваат околу 6.946 калории, а жените 5.725 калории, што е речиси трипати повеќе од препорачаниот дневен внес, а еднакво е на 38 ќесички чипс или 20 крофни со мармалад.
Алкохолните пијалаци поттикнуваат апетит и ги намалуваат инхибициите, поради што луѓето најчесто здравата храна ја заменуваат со мрсна или не толку здрава храна – истакнала д-р Џеки Ланвин од „Slimming World“.После бурната пијана ноќ, во просек се здебелуваме по 1-килограм, но за тоа не е виновен алкохолот, туку утрото кое не тера на многу храна поради м



