Многу портали блиски до опозицијата и невладини организации кои се финансирани од СОРОС, молчат за сомнителните инвестиции во во „Хербалајф“ на американскиот милијардер и левичарски политички активист Џорџ Сорос.Од вчера Американската Комисија за хартии од вредност почна истрага против Сорос, поради обвинувања дека инвестицискиот фонд во сопственост на неговото семејство нелегално користел информации при тргување со акции на маркетинг компанијата Хербалајф.
Интересно е тоа што ниту еден проопозициски портал вчера не ја пренесе информацијата која ја пласираа речиси сите релевантни светски медиуми, дека Џорџ Сорос е под истрага поради сомнителните инвестиции.
Истрагата доаѓа по обвинувањето на инвеститорот Бил Акман дека Хербалајф, која вработува илјадници луѓе низ светот како агенти за продажба на производи за слабеење, е пирамидална шема која ќе ги измами своите агенти кои меѓусебно се поврзани и повикани постојано да ангажираат нови агенти. Акман и Сорос неодамна тргуваа со акциите на Хербалајф, при што Акман загубил големо количество пари продавајќи ги нејзините акции, додека Сорос го зголемува својот влог во Хербалајф.
Весникот „Њујорк пост“ пишува дека, по овие зделки, и обвинувањата изнесени од Акман, Комисијата за хартии од вредност разговарала со Пол Сон, менаџер во фондот на Сорос. Акман обвинува дека, на состанок со повеќе инвеститори во Њујорк, Сон ги известил дека Сорос сака значително да вложи во Хербалајф и е блиску до пет процентна сопственост врз компанијата, по што вредноста на акциите се зголемила, а Акман, кој се повлекувал од компанијата, се нашол во сериозна загуба. Според Акман, ова споделување на информации со инвеститори е прекршување на берзанските правила и влијаело врз цената на акциите, и тоа со цел да му нанесе штета на неговиот интерес.
За разлика од Сорос, проопозициските портали го “уапсија“ Субрата Рој
Проопозициските портали вчера ја премолчеа веста за сомнителните инвестиции на Сорос во „Хербалајф“. За разлика од тоа, тие постојано пренесуваа за наводното апсење на индискиот милијардер Субрата Рој.
„Се бара апсење на Субрата Рој“, „Субрата Рој ќе оди во затвор, КХВ бара да не ја напушта Индија“, „Субрата Рој пред апсење во Индија!“, беа дел од насловите на порталите блиски до опозицијата поврзани со индискиот милијардер кој инвестира во нашата земја.
За разлика од тоа, за сомителните инвестиции на Џорџ Сорос ниту збор на истите тие медиуми. До некаде се чини е очекуван нивниот молк, ако се знае дека дел од нив и директно признаа дека се финансирани од ФИООМ-Фондација Институт Отворено Општество Македонија-Сорос.
И додека НВО и медиумите финансирани од Сорос молчат за сомнителните инвестиции на американскиот милијардер, инвестициите најавени од Субрата Рој полека почнаа да стануваат реалност.
Во вторникот фицијално започна реализацијата на проектот за реорганизација на агрокомбинатот „Џумајлија“, инвестиција вредна над 200 милиони евра. Во следните три години планирано е „Сахара Груп“ да изгради регионален млекопреработувачки капацитет со фабрика за добиточна храна и млекарница со фарма од 20.000 грла говеда во која ќе се произведуваат 80.000 литри млеко дневно. Преку овој проект се очекува за три години да бидат реализирани околу 2.000 директни вработувања.
Извор: kurir.mkОд вчера Американската Комисија за хартии од вредност почна истрага против Сорос, поради обвинувања дека инвестицискио