Зошто прозорците во авионите се заоблени? Еве го одговорот

Патниците во авио-сообраќајот честопати се прашуваат зошто прозорците во авионите се тркалезни, а не со прави агли. Со сите промени во авионите, дизајнерите сепак упорно опстојуваат на заоблените прозорци.Причините за овој инженерски избор потекнуваат од 1950-ите години, поточно од појавата на еден од првите модерни патнички авиони – леталото „де Хевиленд Комет“.
Британскиот производител го опремил авионот со млазни мотори, кабина со регулиран притисок, но и со четириаголни прозорци.
Во рок од една година, три Комети се урнале сред лет. Истрагата отворила повеќе можни причини за несреќите, но по долги испитувања, експертите се согласиле дека веројатна причина е дизајнот на прозорците.
Острите агли на прозорците предизвикале слабост во конструкцијата на авионот. Авионот веднаш бил редизајниран, со заоблени прозорци, што набргу станува стандардно решение во авионската индустрија.
 Причините за овој инженерски избор потекнуваат од 1950-ите години, поточно од појавата на еден од првите модерни патнички авиони – леталото &

Пронајдете не на следниве мрежи: