Гостувањето на Талат Џафери во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија, фрла сосема ново светло на настаните од 27 април, кога револтирана група на луѓе кои повеќе од два месеци мирно протестираа низ улиците на Скопје влезе во Собранието на Република Македонија, испровоцирана и свесно доведена до ситуација на афект предизвика нарушување на јавниот ред и мир и создаде општа тепачка во Собранието. Имено, Џафери вели дека сегашното парламентарно мнозинство на чело со Заев, Ахмети, Села, тој лично како и Оливер Спасовски биле свесни за последиците кои можеле да се случат при неговиот избор и дека за тоа донеле и безбедносна проценка Ахмети во тој момент да не се наоѓа во пленарната сала.
Според Џафери, тие предвиделе што може да се случи, а особено го имале во предвидид протестирањето кое веќе со денови се одвивало, а за таа цел состанок имале Зоран Заев, Али Ахмети, Оливер Спасовски, Зијадин Села и тој. Тогаш како што вели тој од безбедносни причини е одлучено Ахмети да не присуствува на седницата. Со оваа своја изјава Џафери ни дава јасна слика дека влегувањето на пратениците во Собранието бил пресметам ризик на власта и дека истата свесно се впуштила во тоа сценарио.
Имено на прашањето на новинарката дали пред 27 април имал средба со премиерот Заев и дали го предупредил дека проценките се дека ситуацијата може да се заостри до таа мера и која била неговата реакција Џафери образложи:
– Не е тајна да се каже дека првото седнување беше во составот: Јас, Заев, Али Ахмети, Зијадин Села и Оливер Спасовски. И кога е донесена одлуката дека ќе влеземе на еден начин на постапување како што направивме на 27 април, јас предупредив дека има уште еден чекор кој треба да се направи претходно од процедурален аспект, како што предвидува Деловникот и се повикува на член 78 став 2 на Деловникот, кој ја санкционира можноста за време на дебатата, по предлог на претседавачот или претседателот на Собранието, по предлог на предлагачот на точката која се дебатира или на предлог на еден пратеник кој има поддршка на 10 пратеници да може да се гласа за прекин на дебатата за таа точка на дневен ред за која е отворена дебата и да се премине на следната точка и потоа да се вратиме на точката за дебата. Ова барање на пратениците не е почитувано, не е ставено на гласање и не може да се помине на следната точка Избор на претседателот на Собранието, во форма како што се предвидува. Заради тоа е донесена одлука да се оди на избор во моментот кога ќе се прекине седницата.
Џафери вели дека на таа средба е направена и можната проценка, што и како ќе се случи и што ќе следи, имајќи го во предвид фактот дека со денови паралелно со дебатата имаше и протести надвор.
– Мојата проценка и на другите беше дека ќе бидеме внимателни во смисла на тоа каков тек може да земе ситуацијата во Собранието внатре во салата кога ќе се избере претседателот на Собранието. Моето барање беше Али Ахмети да не биде внатре во сала, имајќи го предвид бекграундот и можните постапки во смисла на загрозување на неговиот живот како можна последица за 2001 и други, рече Џафери.
Џафери потенцира дека Ахмети можел да биде не само цел на напад, туку можел и да се искористи целиот хаос внатре Али Ахмети да биде физички ликвидиран.
За ваквите безбедносни проценки кои ги имало парламентарното мнозинство не е известена МВР. Затоа се става голем прашалник дали можеби тоа што се случи вечерта на 27 април е посакуваното сценарио од страна на сегашната власт. Дали сето беше само добро режирано сценарио чија крајна цел беше да се испровоцира народот кој протестира пред Собранието да аго стори тоа што го стори, зошто е сторено тоа и кому му одел од корист таков развој на настаните се прашања кои македонската јавност допрва ќе треба да ги дознае.
Џафери рече дека ако е потребно тој може и јавно тоа да го потврди, и истото јавно да се дебатира. Оттука го повикуваме доколку навистина ги почитува процедурите и законите како што тоа го вели во емисијата, да каже дали тој или било кој од присутните на состанокот го известил врвот на МВР за проценката дека може да ескалираат протестите. Доколку сепак не е пуштен допис до МВР се доаѓа до заклучок дека сегашниот врв на власта посакувал ескалација.Имено, Џафери вели дека сегашното парламентарно мнозинство на чело со Заев, Ахмети, Села, тој лично како и Оливер Спасовски биле свесни за последиц