Изборите одржани на 11-ти декември, наместо расплет, донесоа заплет и неизвесност на македонската политичка сцена. Откако од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека формирањето на влада треба да биде во функција на решавање на кризата, а не нејзино продлабочување и дека нови избори се зрело решение, СДСМ и останатите опозициски партии се исплашија од можноста за ново изборно соочување.Откако опозициските партии предводени од СДСМ категорично ја одбиваат можноста за нови избори и покажуваат страв од соочување со волјата на народот, дел од аналитичарите коментираат дека граѓаните веќе ги препознаа игрите на СДСМ со албанскиот политички корпус и токму поради тоа социјалдемократите бегаат од нови избори.
Според универзитетскиот професор по уставно право и поранешен претседател на Собранието, Саво Климовски, сега излегоа на површина сите игри што лидерот на СДСМ Зоран Заев ги правел со дел до Албанците во оние места каде што полицијата не делувала.
-Можеме да се доведеме до ситуација едноставно на господинот Заев граѓаните да излезат да му кажат дека сакаат нови избори и сите досегашни манипулации му се веќе пропаднати, дека сега сакаат да го дадат гласот, затоа што сега излегоа на површина сите игри што тој ги правел со дел до Албанците во оние места кај што полицијата наша не делуваше, како на пример во Грчец, јас сум сигуремн, а да не збориме во Арачиново итн, сега одеднаш искажаа толкава волја, толкава љубов спрема СДСМ, спрема Македонците, што просто ние се “стопивме“, но не веруваме во тоа, е сега за да поверуваме, дај нека не пушти уште еднаш да гласаме, па ќе се види тогаш колку навистина тежи СДСМ со сите овие приограми и со сето ова разоткрување на се што ни беше прикриено од некаков спиритуалистички дух на охридскиот договор, вели Климовски.
Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Тито Петковски, денеска излезе со изјава дека Македонија немала потреба од нови избори, бидејќи според него, не биле исцрпени сите можности за формирање на парламентарно мнозинство, и тоа без ВМРО-ДПМНЕ. Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов во изјава за опозициските медиуми рече дека партијата очекувала Ѓорге Иванов да му го дал мандатот на Зоран Заев, иако според правните експерти за тоа нема уставна и правна заснованост, додека во однос на темата за избори не сакале да шпекулираат.
Кога албанскиот политички блок е во прашање, ставот на ДУИ останува дека за нив се отворени сите пет ипции, меѓу кои и нови избори, додека останатите албански политички партии, исто како и македонската опозицијата велат дека не сакале нови избори. Според лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села, албанските партии не треба да прифатат избори, а доколку тоа се случи, тие ќе ги повикаат сите партии на Албанците да ги бојкотираат изборите. Од БЕСА сметаат дека ако има избори би биле сигурен победник, но моментално мислат дека најдобра опција е да се создаде политичка Влада и да не се оди на избори.
Што ќе се случува останува да се види во следните денови. Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов денеска соопштија дека тој утре ќе оствари поединечни средби со политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба. Претседателот Иванов денеска посочи дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република МакедонијаОткако опозициските партии предводени од СДСМ категорично ја одбиваат можноста за нови избори и покажуваат страв од соочување со волјата на народот