Зошто сите изгледаат поубаво со очила за сонце?

Науката се обидела да даде одговор  на едно од  најважните летни прашања: Зошто скоро сите во истиот момент кога ќе стават очила за сонце изгледаат попривлечно?Весна Браун, професор по уметност и дизајн на Нотингем Трнт универзитетот, се обидела да ја открие психолошката врска помеѓу  очилата и идејата дека нешто е „кул“.
Затоа што не прават поубави
Очилата навистина прават, нашето непропорционално лице да изгледа подобро. Кога ќе ставиме очила правиме моментален  впечаток на симетрија.
Темните стакла прекриваат било какви асиметрични црти околу очите, а претходното  истражување кое имало за цел да ја набљудува привлечноста на лицето укажува на јасна врска помеѓу симетријата и нашата перцепција  на убавината.
Поради мистеријата
Многумина оформуваат прв впечаток врз основа на очите, но доколку ги покриете со очила за сонце, во истиот момент ќе станете мистериозни.
Контактот со очите ни помага да формираме  мислење  во врска со нечија интелигенција, самодоверба и искреност, а очилата не држат буквално во мрак кога се работи за формирање на тие ставови.
Поради историската поврзаност со гламурот
 Очилата се релативно нов моден додаток. Нивната продажба почнала да расте  во 20-те години од минатиот век, но потполно присутни станале  дури 20 години подоцна.
Холивудските ѕвезди почнале да ги носат  за да не бидат препознаени во јавност.
Прифаќањето на очилата од страна на холивудската елита практично ја зацврстило нивната врска со гламурот и посакуваноста.Весна Браун, професор по уметност и дизајн на Нотингем Трнт универзитетот, се обидела да ја открие психолошката врска помеѓу  очилата и идејат

Пронајдете не на следниве мрежи: