Зошто смеењето е заразно?

Едно ново истражување на научници во САД, објаснува зошто смеењето е заразно.За да разбереме дека некој е среќен, ние несвесно го имитираме неговиот израз на лицето, со што предизвикуваме сеќавања на сопствена радост. Ова е резултат на новото истражување на универзитетот во Висконсин – до емпатија се доаѓа со несвесна фацијална мимикрија.
Пола Нидентал и Ејдриен Вуд, психолози од Висконсин, кои го воделе ова истражување, кажуваат дека оваа постапка се случува во која било ситуација кога доаѓа до читање на туѓо лице. По таквото читање, ние многу суптилно и несвесно го повторуваме тој израз.
Ова ја објаснува и заразата на смеењето.
Проблем настанува, ако способноста за имитација е намалена, или ако е отежната перцепцијата за туѓи лица. Психолозите откриле дека кај различни појави кои го отежнуваат фацијалното изразување, како парализа на лицето или оштетени нерви при пластична операција, доаѓа до проблем во емпатијата.
Темата имитација, како оружје за разбирање на светот околу нас, е веќе некое време тема за истражување во когнитивните науки. За да разбереме дека некој е среќен, ние несвесно го имитираме неговиот израз на лицето, со што предизвикуваме сеќавања на сопствена радост. Ова е

Пронајдете не на следниве мрежи: