Зошто Сноуден не користи Ајфон? Ниту било кој друг смартфон?!

Едвард Сноуден е најпознат шпион во светот, кој јавно ги има објавено размерите на прислушкувањето и масовната програма за надзор, зад која стои американската Агенција за национална безбедност (NSA).Благодарејќи на него, светот дозна дека американските разузнавачки служби го користат интернетот и мобилните телефони веќе повеќе од една деценија, за да бидат во можност да ги прислушкуваат телефоните на луѓето.
Сноуден денеска користи „едноставен мобилен телефон“ и ги избегнува уредите на „Ејпл“ кои можат тајно да се искористат за прислушкување, вели Анатолиј Кучерна, адвокат на поранешниот разузнавач на НСА. Тој за „Риа новости“ рекол дека одлуката на Сноуден да избегнува такви технологии, била подеднакво лична и професионална.
– Едвард никогаш не користи Ајфон, туку има поедноставен телефон. Ајфонот има посебен софтвер кој може да се активира и без знаење на сопственикот и може да собира податоци за него, што е причина зошто тој одбива да го користи овој телефон, изјави Кучерна.
Последното откритие на Сноуден покажа дека британската безбедносна агенција GCHQ собира илјадници мејлови од новинарите кои работат за најголемите медиумски компании на светот, како што се БиБиСи, Гардијан, Њујорк тајмс, Вашингтон пост и други.
Благодарејќи на него, светот дозна дека американските разузнавачки служби го користат интернетот и мобилните телефони веќе повеќе од една деценија,

Пронајдете не на следниве мрежи: