Зошто сум дебел/а?

Дебелината е една од најчестите и најопасните болести на 21 век од кое страдаат милиони луѓе низ целиот свет. Постојат многу причини за дебелина: додека некои тврдат дека некои луѓе се раѓаат со генетски предиспозиции за прекуметна тежина во текот на нивниот живот, останатите тврдат дека основнатапричина е во храната и дека ние сме она што го јадеме. Едно е сигурно: првиот чекор за постигнување на нормална тежина е заземање на став, амбиција и детерминација. Токму ова се клучните состојки за губење на тежината.Правењето на првиот чекорГубењето на тежината не е ништо повеќе од став и начин на размислување: на крајот на краиштата, вие сте во битка со вашите вишок килограми и треба самите да си признаете дека само вие сте во состојба да се справите со ситуацијата, никој друг не може тоа да го направи место вас. Токму затоа ви е потребен позитивен начин на размислување кој ќе ве води напред. Губењето на тежината не е лесна задача, тоа е долг и исцрпувачки процес, особено доколку сакате да го отстраните вишокот на килограми на природен, безбеден и здрав начин. Како и да е, верувајте на некоја личност која била дебела за време на целиот свој живот: ништо не може да се спореди со задоволството кое го добивате кога ќе се погледнете во огледало и ќе видите слика од себе си за која сте можеле само да сонувате во минатото. Консултирајте се со лекарОткако веќе сте одлучиле да ја изгубите прекумерната тежина, следно нешто што треба да направите е да се консултирате со лекар кој ќе ја процени вашата целокупна здравствена состојба и фитнес ниво, само за да бидете сигурни дека можете да ги исгубите несаканите килограми на безбеден начин. Барањето на медицинско внимание е од суштинско значење, бидејќи одлуката која сте ја донеле ќе вклучи и соодветен физички напор и токму поради тоа мора да бидете сигурни дека не постојат никакви ризици. Докторот, исто така, ќе ви помогне да одредите дали причината за вашата дебелина е поврзана со лошата исхрана или пак, можеби имате некој посериозен здравствен проблем, како на пример проблеми со тироидната жлезда.

Краток Преглед на дебелинатаОд дебелина патата и децата и возрасните, мажите и жените. Општо кажано, поимот дебелина значи да се биде подебел отколку што треба да се биде, во сооднос на вашата возраст и висина.Индексот на телесната маса (познат како БМИ) е најчесто користен инструмент за да се утврди дали некој е со прекумерна тежина. Индексот на телесна маса кој е еднаков на 25 или повеќе, се смета за прекумерна тежина, додека пак, БМИ еднакво на 30 или повеќе се смета за дебелина.. Како што покажуваат истражувањата, скоро три милиони луѓе жирум светот умираат поради дебелина или болести предизвикани од дебелината.Како што веќе е спомнато погоре, постојат многу причини за дебелината: неактивност, прејадување, загадување или различни лекови – се само некои од најчестите причини. Од друга страна пак, зголемената урбанизација исто така, е поврзана со дебелината. Ризиците поврзани со дебелината не се тајна за никого: ако сте дебел/а, вие сте изложени на висок ризик од развој на кардиоваскуларни болести како мозочен удар или срцеви заболувања, дијабетес и некои видови на рак, главно рак на дојката и рак на дебелото црево.Светската здравствена организација (СЗО) ја надгледува стапката на дебелина ширум светот. Некои од земјите со највисока стапка на дебелина се: САД, Мексико, Велика Британија, Грција или Австралија. Истражувањето од 2005 (кое најчесто е нарекувано истражување за „Австралиската дебелина, дијабетес и начин на живот“) открива дека не помалку од 1,7 милиони Австралијци страдаат од дијабетес и кај околу 0,8% од возрасните се појавува дијабетес секоја година во оваа држава, што значи околу 275 возрасни лица секој ден. Во исто време, околу 19% од Австралијците страдаат од долгорочни кардиоваскуларни проблеми, па оттука кардиоваскуларните заболувања се една од водечките причини за смрт во оваа земја.

Менување на навиките во вашата исхранаНикој не може да ја намали тежината без најпрво да ги промени своите навики во исхраната – ова е златното правило за да се биде слаб. Најважно е да се намали дневниот внес на калории, за да се намали внесот на јаглехидрати и да се елиминира шеќерот, слатките и останатите благи и мрсни продукти од вашата диета. Во исто време, важно е да се фокусирате на храна која е богата со растителни влакна, бидејќи ќе придонесе да се чувствувате сити подолго време. Потребно е да јадете повеќе овошје и зеленчук и да пиете повеќе вода. Тајната се крие во стимулирањето на вашиот метаболизам и неговото забрзување, за да ги согорува мастите побрзо и поефикасно од вообичаено.Важно е да ги избегнувате мрсните јадења, а на врвот на листата на јадења што ја уништуваат вашата витка линија се следниве:1.) Пица2.) Помфрит3.) Чизбургер4.) Десерти5.) Палачинки6.) Газирани пијалоци7.) Чоколадо8.) Пржена кокошка9.) Чипсови10.) Тестенини со сирењеИако здравата диета игра клучна улога во губењето на тежината, една од главните причини зошто таа не функционира е фактот што луѓето сакаат да изгубат многу килограми за многу краток временски период, па затоа ги кршат правилата на својата диета. Тоа доведува до изгладнување и јадење на храна со многу ниска хранлива вредност, храна која нема да ги задоволи дневните потреби на хранливи состојки (витамини и минерали) во вашиот организам. Поради ова, многу луѓе го доживуваат јо-јо ефектот, откако ќе почнат да се хранат нормално и правилно, бидејќи телото сака да ги надокнади и да направи резерви на хранливи состојки за некое наредно изгладнување.

Подгответе се за да слабеетеСега, откако го разбирате значењето на започнувањето на здрав начин на живот, важно е да го исчистите фрижидерот и останатите места каде што чувате храна во домот. Отстранете ги сите мрсни јадења споменати погоре, фрлете го сладоледот и чоколадниот крем и заменете ги со житарици, сезонско овошје и зеленчук. Не само што ќе ослабете, но и ќе се чувствувате подобро со повеќе енергија, поради тоа што ќе го намалите внесот на шеќер во исхраната.Згора на тоа, многу е важно што ќе нарачате во ресторан или секаде каде што ќе јадете надвор од домот. Најчесто ќе бидете доведени во искушение и често пати ќе си речете: „Можам ова да си го дозволам барем уште еднаш…“, но имајте на ум дека не лажете никој друг освен самите себе! Изберете салата со лесен прелив наместо пица и заменете ја кока-колата со лимонада. Со сигурност ќе си се заблагодарувате на самите себе понатаму: Имајте пред вид исто така, дека не знаете колку калории внесувате кога јадете во ресторан, бидејќи менијата не покажуваат колку изнесува хранливата вредност на јадењата, а исто така не знаете точно кои се сите состојки.Во крајна линијаГубењето на тежината не е невозможна мисија и илјадници храбри луѓе го докажале тоа! Најпрво мора да сакате да ослабете: Каде што постои воља, секогаш се наоѓа соодветен начин!Постојат многу причини за дебелина: додека некои тврдат дека некои луѓе се раѓаат со генетски предиспозиции за прекуме

Пронајдете не на следниве мрежи: