Мило ми е што се отвори дебата помеѓу членовите на Вмро, кој да биде иден лидер на Вмро, секој со свои идеи, со свои видувања и со свој фаворит.Мој фаворит во оваа трка за иден лидер на Вмро е Д-р Филип Петровски поради неколку причини.Прво, поради неговите радикални ставови. Некој ќе каже не ни треба радикален лидер, сега е 21 век. Би се сложил дека е 21 век, и можеби не би го фаворизирал Филип, да е 2012 или 2013 година, кога други ветрови дуваа во Македонија, но денес 2017, кога Македонија е во војна, три години во неконвенционална војна, кога по секоја цена сакаат да не обезличат, да ни го сменат името и идентитетот, кога на нелигитимен начин ни избраа претседтаел на собрание, кога ни наметнаа закон за јазици, кога ни притвориа 35 патриоти, врвни глумци, оперски пеачи, режисери и други родољуби, јас ќе кажам на Вмро му треба радикал, патриот, кој ќе удри на маса, ќе побара прво безусловно ослободување на приведените ако сакаат било каков дијалог со Вмро, кој нема да преговара за името, кој ќе ги напушти институциите и ќе им се спротистави на душманите, со други зборови, лидер со муда, кој нема да биде уценуван со прислушувани разговори или со неуставното СЈО.
Второ, на Вмро му треба човек од внатре, кој добро ја познава партиската структура и сензибилноста на членството, знаејќи го Филип уште од студенстските протести 1997, преку пратеничкиот мандат и напуштање на собранието 2001 и облекување на војничка униформа, до протестите пред дик 2016 кога се спротистави на странците на постизборниот инжинеринг, на крај протестите за Заедничка Македонија, каде секогаш беше во прв ред и преку видео пораки на социјалните мрежи беше еден од најкативните во борбата против тиранската платформа, мислам дека Филип е доволно партиски созреан за највисоката партиска функција, поради што може да му се опрости авантурата со ОМ и ДД.Трето, во оваа тешка ситуација за Република Македонија, нас не ни треба добар економист или дипломат за лидер, можеби во некои помирни времиња, како што беше случајот со 2006 година, кога Вмро дојде на власт, Никола Груевски како одличен економист ја извлече државата од тешката економска состојба која беше на раб на експлозија во тоа време, и кој одлично ја водеше економијата повеќе од 10 години, но сега кога сме на работ на амбисот, кога е доведено во прашање постоењето на Македонија, само лидер со порадиклни ставови може да биде вистинско решение.
Четврто, Филип е човек кој има добри релации со македонската дијаспора во Европа, Америка и Австралија, каде Вмро е најсилна и која е во нераскинлива врска со партијата Вмро, односно и самата идеја и формирањето на партијата доаѓа од Македонската интелигенција надвор од Република Македонија.Пето, Филип Петровски има коректен однос кон ветераните и основачите на Вмро-Дпмне, кои беа маргинализирани во изминатите години, брутално тргнати на страна или избркани од Вмро, на нивно место беа донесени луѓе од други партии кој завземаа високи позиции без нито ден стаж во Вмро, која неправда мислам дека ќе биде исправена од страна на Филип Петровски.
На крај, да се надеваме дека делегатите ќе го слушнат мислењето на членството од месните комитети од кои потекнуваат, нема да подлегнат на никакви притисоци и ќе гласаат по сопствено убедување, ќе гласаат за оној кандидат за кој мислат дека ќе ја извади Вмро Дпмне од бездната во која се наоѓа, а пред се треба добро да размислат пред да го дадат својот глас дека не се работи само за Вмро, туку и за Македонија, од иднината на Вмро како најголема политичка партија во Македонскиот блок, со најмногу пратеници во Македонското Собрание зависи иднината на Македонија, со верба во Бога, да си ја зачуваме партијата и Македонија, и кој и да биде избран, другите кандидати да му дадат подршка, да застанат силно позади него, да бидат поставени за потпретседатели и со заеднички сили да ја поведат Вмро во конечната пресметка за Македонија!