Авокадото се смета за супер храна, бидејчи содржи мноштво белковини, прехрамбени влакна, витамини и минерали кои го унапредуваат здравјето. Авокадото е крушкасто тропско овошје од Средна Америка и Мексико, кое се состои од мек зелен плод, голема семка и груба лушпа која потсетува на кожа на алигатор, поради кој го носи и својот необичен надимак.
1. Чувар на срцето
„Алигаторската круша“ е една од најкалоричните овошки на светот. Во 100 грама плод има 160 калории, но се работи за здрави масти – олеинска киселина. Овие незаситени масни киселини придонесуваат за намалување на холестеролот во крвта, здравјето на срцето, како и крвниот систем.
2. Го зајакнува организмот
Авокадото содржи 20 различнивитамини и минерали, кои го унапредуваат здравјето на човекот.стотина грама од плодот задоволува четвртина дневни потреби за витаминот К, кој е потребен за синтеза на белковините што учевствуваат во процесот на згуснување на крвта.
3. Го поттикнува варењето и го изострува видот
Авокадото е добар избор на прехранбени влакна кои го појачуваат волуменот на столицата и така го поттикнува варењето. Исто така е добро и за видот.
4. Добра замена за месо
Во стотина грама авокадо има 2 грама белковини поради што ова тропско овошје се смета за добра алтернатива за веганите, но и луѓето кои не јадат месо или риба.
5. Подмладува и разубавува
Авокадото е добар избор на витамин Е, кој оддржува еластичност на кожата, ја подмладува нејзината структура и ја прави косата поздрава. Не само што можете да го јадете, туку можете и да го мачкате на лице и на коса. Не е чудо што е состојка на многу козметички препарати за разубавување.Авокадото е крушкасто тропско овошје од Средна Америка и Мексико, кое се состои од мек зелен плод, голема семка и груба лушпа која потсетува на кож



