ЗОШТО ТРЕБА ДА ЈАДЕТЕ СУПА? – Таа е благотворен исцелител на исцрпениот организам

Со кратките и ладни денови, супата се наметнува како благотворен исцелител на исцрпениот организам.Супата од зеленчук ги содржи потребните витамини, минерали и останатите важни хранливи материи кои го овозможуваат нормалното функционирање на организмот.
Токму затоа, познато е дека започнувањето на оброците со супа, ја зголемува ситоста и го намалува внесот на енергија. Истражување објавено во весникот „Appetite“, во кое учествувале 60 мажи и жени кои 5 недели добивале бесплатен ручек кој почнувал со јадење супа, имаше интересни резултати. Супите биле различни: чисти, со парчиња зеленчук или крем супи од зеленчук. Се покажало дека било каква супа го намалува внесот на енергија во наредните оброци за 20%.
Освен поволното влијание врз телесната маса, супата е докажан сојузник во борбата против вирозите и настинките. Имено, се смета дека топлината може да ги исфрли секретите од белите дробови и синусите, а притоа, течноста спречува дехидрација.
Овие податоци неодамна се докажани со истражување кои било спроведено од страна на британските научници. На триесетмина испитаници, научниците им давале топли напитоци, односно напитоци кои имале собна температура и докажале дека се делотворни.
Ако имате чувствителен желудник, тогаш треба да си приуштите супа од зеленчук кој е богат со влакна, како што е празот. Но, нема да згрешите и ако си подготвите супа од компири. За проверена комбинација која би можела да им се допадне на многумина – послужете крем супа од печурки, зачинета со една супена лажичка павлака, свежа мајчина душица и крупна морска сол.Супата од зеленчук ги содржи потребните витамини, минерали и останатите важни хранливи материи кои го овозможуваат нормалното функционирање на орга

Пронајдете не на следниве мрежи: