Сите ние сме имале прилика да го видиме и купиме. Поголем е од домашниот лук, има поголеми чешниња и во средината, обично има зелен дел. За среќа, кај нас се уште можеме да најдеме домашен лук и тоа по пристојни цени.Но, покрај домашниот лук на понуда имаме и други , кои не се толку сигурни. Еве и зошто никако не смеете да ги купувате. Одгледувајте свој или купувајте домашен.
Кинески и домашен лук
Производството на лукот е една од најисплатливите дејности, тврдат експеритите. Заработката може да биде и за пет пати поголема од вложените пари. А во нашите краишта постојат добри услови за одгледување.
Зошто се крена потера по кинескиот лук?
Не знаеме ништо за потеклото и начинот на одгледување на овој лук, ниту дали е генетски модфициран. Контролата на пазарот кај нас е се уште слаба, па често пати се бира она најевтиното без оглед на квалитетот и потеклото.
Кина спаѓа меѓу најголемите извозници на лук, имат евтина работна сила, но не и добра контрола на квалитетот. Да речеме, во Австралија не ги поминал сигурносните протоколи за храна. Експертите тврдат дека овој лук е полн со хемикалии, кои му се додаваат за да се продолжи рокот, да се убијат инсектите и за лукот да биде бел. Исто така, постојат некои тврдења дека го ѓубрат со отпади од канализација.
Обично го избелуваат, како што тврдат австралиските експерти, со хлор или мешавина од сулфур и дрвена пепел. Затоа изгледа поздраво и попримамливо за купувачите.
Гама зрачењето и посебни хормони и хемикалии го спречуваат понатамошниот раст и создавање на никулци кај лукот. Таквиот лук ги нема благотворните својства и јачина на вистинскиот домашен лук и затоа, без оглед на цената, бесмислено е да се купува.Но, покрај домашниот лук на понуда имаме и други , кои не се толку сигурни. Еве и зошто никако не смеете да ги купувате. Одгледувајте свој ил



