Зошто ве мразат колегите

“Тешките” соработници можат и тоа како да ја нарушат рамнотежата на работа, но и надвор од неа …
Станува збор за луѓе кои се карактеризираат со низа на досадни карактеристики кои ни најмалку не се омилени меѓу колегите. Препознајте дека и вие поседувате некоја од овие карактеристики.
Неуредни колеги
Како изгледа вашата работа маса? Полна со ѓубре и еден куп хартија? Дали сте ја избришале масата од последниот пат кога сте истуриле кафе на неа? Како стоите со лична хигиена – дали редовно се туширате, бричите, облекувате чиста и испеглана облека?
Јас, јас, и само јас!
Обидете се да се сетите за што разговарате со колегите за време на паузата или на пијалок после работа. Дали секоја реченица започнува со “јас”? Никој не ги сака луѓето кои постојано зборуваат за себе, а уште помалку ако и другите ги прекинуваат за да кажат нешто за себе.
Многу добри, многу послушни и многу корисни
Дали сте можеби еден од оние кои постојано климаат со главата на шефот, и на сите други колеги? Дали сте секогаш први за да го пофалите шефот? Дали ја користите секоја можност да му се насмевнете и да поразговарате со него?
Душкало
Постојат луѓе кои постојано “душкаат” наоколу. Тоа се луѓе кои доаѓаат до вас од позадина додека зборувате со некој друг, па потоа истражуваат – кој, што, каде, кога, како – иако тоа нема никаква врска со нив.
Непристојност
На прв поглед непристојните лица може да изгледаат шармантни, но на крајот нивната суровост навистина почнува да иритира. Зборуваме за луѓе кои лесно ќе се послужат со парче храна од вашата чинија, без да ве прашаат, или ќе се послужат со слатки од вашата фиока.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.”Тешките” соработници можат и тоа како да ја нарушат рамнотежата на работа, но и надвор од неа …

Пронајдете не на следниве мрежи: