Зошто вештерките јаваат на метла?

Стереотипната слика за вештерка е злобна жена која во долг црн фустан и со шилеста капа лета на метла.Ако некогаш сте се запрашале зошто метлата станала главен атрибут на овие демонски суштества, објаснувањето лежи во 'ржаниот леб и дрогата, т.е. халуциногената печурка ергот.
Имено, во средниот век, па се' до ренесансата, лебот во Европа се правел претежно од 'ржано брашно. А на 'ржта расте ергот, печурка која во поголеми дози може да биде смртоносна.
Многу подоцна, во ХХ век, швајцарскиот хемичар Алберт Хофман ги објасни ефектите на ерготот.
Каква е улогата на метлата во сето тоа? Поклониците на ерготот не можеле само да ја проголтаат печурката бидејќи на тој начин таа би можела да предизвика силни мачнини и кожни иритации.
За „летањето“ без несакани последици, било пожелно да ја апсорбираат дрогата преку кожата, посебно гениталиите. Тука доаѓа до употреба на метлата, поточно нејзината рачка која се премачкува со паста направена врз база на ергот.
Во 1976 година, американскиот психолог Линда Капорел изнесе хипотеза според која, кон крајот на XVII век, државата Масачусетс била жртва на „епидемија“ на ерготизмот, а дека епицентар на таа пандемија бил Салем.Ако некогаш сте се запрашале зошто метлата станала главен атрибут на овие демонски суштества, објаснувањето лежи во 'ржаниот леб и дрогата, т.е. ха

Пронајдете не на следниве мрежи: