ЗОШТО ВИ ДИВЕАТ ХОРМОНИТЕ: Овој тест открива дали имате високо ниво на кортизол!

Стресот напишан со јазикот на хормоните, гласи „кортизол“. Тоа е хормон кој, меѓу останатото, го контролира и нашиот капацитет да се справуваме со стресот, но неговиот бран би требало да се случи само кога сме под стрес, а потоа да се повлече.Иако нивото на кортизол може да се провери со тест за крв, постојат симптоми според кои можеме да заклучиме дали нивото на кортизол во крвта е превисоко. Овие прашања ги смисли д-р Сара Готфрид.
Внимателно прочитајте го списокот симптоми и означете го секој симптом што го имате, а потоа избројте ги. На крај прочитајте ги резултатите.
Во последните шест месеци…
Дали имате чувство дека непрестано трчате да извршите многу обврски?
Дали се чувствувате забрзано, а сепак уморно?
Дали се обидувате да се смирите пред спиење или имате зголемен налет на енергија поради кој останувате будни до доцна?
Тешко заспивате или ве мачи испрекинат сон?
Дали чувствувате анксиознот или нервоза – не можете да престанете да се грижите поради нештата кои се надвор од ваша контрола?
Дали лесно му се препуштате на налетот на бес или лутина и често врескате или викате?
Во некој момент не можете да се присетите на одредена информација или се чувствувате потресено, посебно кога сте под притисок?
Дали имате желба по благо (ви треба благо по секој оброк, обично нешто чоколадно)?
Дали обемот на половината ви се има зголемено и сега е поголем од 88 см?

Дали ве мачи неплодност?
Дали ве мачат проблеми со кожата, како што се екцем или тенка кожа (понекогаш физички и психички)?
Дали губите коскена маса (можеби вашиот лекар се служи со пострашни изрази како остеопенија или остеопороза)?
Дали ве мачи висок крвен притисок или забрзана работа на срцето кои немаат никаква врска со било каква возбуда?
Дали ве мачи високо ниво на шеќер во крвта (можеби вашиот лекар ви спомнал појава на предијабетес или дури дијабетес или отпорност на инсулин)?
Дали се тресете меѓу оброците, што е симптом за нестабилност на шеќерот во крвта?
Дали имате проблеми со варењето, чиреви или ГЕРБ (гастроезофагеална рефлуксна болест)?
Дали потешко заздравувате од телесни повреди?
Дали на стомакот и грбот имате необјасниви розеви или виолетови стрии?
Дали имате нередовни менструални циклуси?
Ако имате пет или повеќе симптоми, најверојатно е дека имате високо ниво на кортизол. Три или четири симптоми значат дека нерамнотежата најверојатно е присутна, но не алармантна, а помалку од три симптоми значи дека постои веројатност од нерамнотежа, но дека дополнително можете да потврдите со тестови или консултација со лекар.
Сепак, високото ниво на кортизол не мора да биде алармантно. Луѓето со силни надбубрежни жлезди можат многу подолго да ја издржат состојбата со високиот кротизол, а останатите многу лесно потклекнуваат во стресни ситуации.Иако нивото на кортизол може да се провери со тест за крв, постојат симптоми според кои можеме да заклучиме дали нивото на кортизол во крвта е прев

Пронајдете не на следниве мрежи: