Играње, бодење на окото односно мрдање на долниот и горниот капак се честа појава. Но, дали знаете какво значење имаат?Кога окото ќе ви заигра, може да ви се чини дека и другите тоа го гледаат. Но, обично многу е ретко другите тоа да го видат.
Оваа појава не е сериозна односно не укажува на сериозен здравствен проблем. Но, тешко може да се излечи. Едниствената опција е да ја пронајдете причината за тоа и да ја отстраните.
Еве ги најчестите причини поради кои ви игра окото:
Стрес: Иако сите понекогаш сме под стрес, нашето тело реагира на различен начин. Играње на окото е еден од знаците дека сте под стрес.
Замор: Недостаток на сон, можеби поради стрес или поради друга причина, може да предизвика грчеви на капакот. Ако добро се наспиете проблемот ќе исчезне.
Замор на очите: Стресот поврзан со лошиот вид може да се случи кога ви се потребни очила или пак зголемување на диоптријата. Очите трпат голем напор и затоа доаѓа до грчеви. Но, очите може да се заморат и доколку многу седите пред компјутер или пред вашиот смартфон.
Кофеин и алкохол: Многу експерти веруваат дека премногу кофеин или алкохол може да предизвика играње на окото. Намалете ја количината и ќе го решите проблемот.
Суви очи: Повеќе од половина од старата популација има проблем со суви очи, поради стареењето. Сувите очи се вообичаени и за оние кои премногу користат компјутер но и за оние кои земаат некои лекови. Најдобро е да одите кај лекар ако имате ваков проблем.
Неправилна исхрана: Некои истражување покажуваат на недостаток на одредени хранливи материи како што е магнезиум и тоа предизвикува грчеви во очите. Ако се сомневате дека неправилно се храните тогаш консултирајте се со нутриционист или лекар.
Алергии: Луѓето со очни алергии често го имаат овој проблем. Па често лекарите им препишуваат капки кои го спречуваат играњето на очите.
Како да го решите проблемот со играње на окото?
Во ретки случаи играњето едноставно не поминува. Но, некогаш се лечи секако треба да посетите лекар кој ќе ви помогне да го надминете проблемот. Кога окото ќе ви заигра, може да ви се чини дека и другите тоа го гледаат. Но, обично многу е ретко другите тоа да го видат.
Оваа пој



