Според резултатите на едно повеќедецениско истражување, повисоките жени имаат поголем ризик за ментални и физички здравствени прблеми во средните 70-ти години во однос на пониските жени.Но, жените можат да сторат нешто за себе и своето тело за да се одбранат од негативните ефекти на високиот раст. На висината влијаат неколку фактори, меѓу кои и генетиката и околности одредени во раниот живот. Некои постари истражувања покажаа дека повисоките луѓе имаат помал ризик од срцеви заболувања, но, поголем ризик од карцином.
Во едно од истражувањата се опфатени 68.000 жени и анализирани се нивните животни навики, правилата на исхрана, нивото на физичка активност, индексот на телесната маса во 1980-та година, кога во просек имале 44 години.
Истражувањето продолжило до 2012 година, кога научниците одредиле дека жените ги исполниле критериумите за здраво стареење, а под тоа се подразбира состојба на жените кои немаат проблеми со помнењето, физички проблеми, ментални ограничувања, без појава на 11 хронични болести како карцином, дијабетес од типот два и оштетувања на бубрезите.
Потоа, жените се поделени во пет групи врз основа на нивната висина, а просеците на секоја од групите изнесувале 157.5, 160, 132.6, 167.6 и 172.2 центиметри.
Во споредба со групата која имала просечна висина од 157.5 центиметри, жените со просечна висина од 172.2 центиметри имале помали шанси да ги исполнат критериумите за здраво стареење.
Резултатите не се промениле дури ни кога истражувачите ги прилагодиле факторите како националност, брачен статус, менопауза и историја на болести во семејството.
За сега не е целосно јасно зошто високите жени имаат помала шанса да достигнат здраво стареење, туку е потребно да се направат дополнителни анализи.
Но, научниците анализирале некои од факторите на животниот стил кај жените, вклучувајќи ја и нивната исхрана, и откриле дека високите жени кои се хранеле поздраво подобро поминале од оние кои не го правеле тоа. Со други зборови, здравата исхрана може да ја ублажи врската меѓу висината и здравствените проблеми во староста. Здравата исхрана која се покажала дека има позитивен ефект е богата со овошје, зеленчук и житарки.
Научниците истакнуваат дека во истражувањето пронашле поврзаност, но не докажале која е причинско последичната врска меѓу висината и здравствените проблеми за време на стареењето, и додале дека за тоа е потребно да се преземат уште истражувања.Но, жените можат да сторат нешто за себе и своето тело за да се одбранат од негативните ефекти на високиот раст. На висината влијаат неколку фактор