Откако албанскиот премиер, Еди Рама, лидер на Социјалистичката партија, ја фрли регионалната политичка нуклеарна бомба наречена „тиранска платформа“, ниту еден официјален претставник на Брисел тој дестабилизирачки потег уште го нема осудено. Всушност, Брисел одбра да го штити своето милениче, кое германската канцеларка Ангела Меркел го промовира како свој патрон на Западен Балкан.Својата заштитничка улога кон ликот и делото на Рама ЕУ ја продолжи и во 45-те дена опозициска револуција во Албанија, предводена од лидерот на демократите Љуљзим Баша, кој го крена гласот против корупцијата и за тоа го обвини токму премиерот Рама. Изминатите денови во Тирана се изнаредија од ред до ред важни европски политички фаци: Германецот Зигмар Габриел, министер за надворешни работи од редовите на СПД, потоа неговиот холандски колега Берт Kоендерс, шефицата на европската дипломатија, Федрика Могерини, Kнут Флекенштајн, европарламентарец од германската СПД…Дел од нив беа и во Скопје. Но, за разлика од скопската мисија, кога како за главен виновник за политичката криза го прогласија претседателот Иванов и ВМРО-ДПМНЕ како партија која не ги почитува демократските вредности, главната порака по средбите во Тирана е дека опозицијата треба да се врати во парламентот, дека таму е местото за решавање на проблемите, а не на улица.
Но, проблемот е што ЕУ не сака да види дека за танго се потребни двајца, па така не најде зборови за осуда или барем предупредување до Рама. Проблемот во Албанија е што опозицијата не се ни пријави за парламентарните избори во јуни, иако поминаа сите рокови, па тоа би значело дека сегашниот премиер би одел на избори сам. Дали и на ова Европа ќе затвори очи? Дипломатски извори велат дека е очигледно оти Еди Рама ја има поддршката од ЕУ, но тие сметаат дека клучна ќе биде реакцијата на Америка, „која до сега на чуден начин ја нема“.
Америка не се огласи ни откако неодамна Рама ја фрли втората политичка нуклеарка, кога за левичарскиот „Политико“ во интервју кажа дека не може да исклучи обединување меѓу Албанија и Kосово. Ако се земе предвид и тиранската платформа, во која се заговара федерализација на Македонија, никој не бил појасен во барањето создавање голема Албанија од сегашниот албански премиер.
Официјални реакции од Брисел (ЕУ и НАТО) нема, туку само реакција и тоа на новинарски прашања главно од српски новинари. Така, на барање на „Блиц“ да ја коментира изјавата на Рама за обединување на Kосово и Албанија, портпаролката на ЕK, Маја Kоцијанчич изјавила: „Соработката со сите мора да биде рамноправна и најбитно е да се одржат добрососедските односи“. Значи, никаква осуда, а уште помалку закани со воведување какви било санкции (за политичарите од македонската десница веќе се највени санкции од ЕУ) кон Рама заради неговиот вербален напад кој беше многу добро спакуван во интервјуто. Тој таму вели дека спојувањето меѓу Албанија и Kосово ќе биде реакција ако пропаднат европските перспективи за регионот, односно го става целиот регион на маса, а всушност во заднина ја истакнува ултимативната цел. Рама нагласува дека таа цел за една држава е на националистите, но ако земјата нема ЕУ-перспектива и нему не му останува ништо друго, туку да тргне кон остварување на таа цел, како една „отворена опција“.
– Никој не сака да бара мали сојузи, сите сакаат во големата унија. Но, ако нема надеж, нема перспектива, нема место, тогаш, секако, малите сојузи можат да се случат – објасни Рама.
На ваквиот остар тон од Тирана не реагираше ниту НАТО, каде што членка е Албанија, туку „некој претставник“ за српската агенција „Бета“ изјавил дека „НАТО е загрижен заради најновото влошување на безбедносните состојби на Западен Балкан“ и ставил до знаење дека „силно ги охрабрува лидерите во регионот да бидат на висината на своите одговорности и да продолжат на патот на дијалог и помирување“. Тој извор притоа нагласил дека НАТО и другите од меѓународната заедница имаат улога на давање поддршка, но оти решавањето на проблемите во регионот мора да се најде внатре во самиот Западен Балкан“. Секој аналитичар ќе се согласи дека изјави во кои отворено се најавува менување на границите, а тоа значи и можности за вооружени конфликти, изјавата која е провоцирана, а не е реакција, е премногу млака.
-Дали вашето молчење е знак на одобрување? – праша српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, кој рече дека изјавата на Рама е уште една потврда дека создавањето голема Албанија е заедничка платформа на сите Албанци.
Тој притоа ја праша меѓународната заедница како таа ќе реагирала доколку Вучиќ рекол оти е можно обеднување на Србија и Република Српска доколку не влезат во ЕУ.
– Сигурен сум дека сите ќе се согласеа и ќе речеа дека Србија го загрозува мирот. Затоа ги прашувам ЕУ, САД, Велика Британија и другите до кога ќе молчат кога некој ја загрозува Србија. Или молењето е знак на одобрување – прашува Дачиќ.
АНАЛИЗА НА „АМЕРИKАН СПЕKТАТОР“
До кога Америка ќе ја толерира Соросовата мрежа во Албанија?
„Американ спектатор“ во специјалната анализа за Албанија, за парите што ги добива од канабисот и за активностите на Сорос завчера објави нова анализа под наслов „До кога САД ќе ја поддржуваат социјалистичката мрежа во уметнички криминалната Албанија“. Очигледно дека авторот на анализата намерно го вметнал зборот „уметничка“ знаејќи дека премиерот Рама е сликар, кој откако стана премиер стана и познат сликар со изложби во Њујорк или во Хонг Kонг. И покрај тоа што по изборната победа на Трамп, Рама изјави дека „тоа ќе ~ наштети на Америка и на светот“, тој и понатаму користи голема американска помош преку програмите на УСАИД, наведува аналитчарот Виктор Гаетан. „Тој дури манипулира и со добранамерната американска амбасада, иако земјата ја носи кон дното додека од друга страна предизвикува хаос во соседна Македонја – наведува Гаетан.
Авторот на анализата го цитира професорот од Универзитетот во Њујорк, Шинаси Рама, кој не е во роднински врски со премиерот, кој потврдува:„Албанија тотално и целосно е корумпирана, криминална до коска, една мафијашка држава“. Професорот смета дека во последните 25 години албанската држава е пропаднат проект, експериментално глувче, а тука пред с` се мисли на дејанијата на администрацијата на Бил Kлинон и на Барак Обама.
Пишува: Христо Ивановски за ДневникСвојата заштитничка улога кон ликот и делото на Рама ЕУ ја продолжи и во 45-те дена опозициска револуција во Албанија, предводена од лидерот на дем