Во последното коло од Лигата на шампионите во ракомет ЖРК Вардар со пораз од 21-20 се враќа во Скопје од гостувањето во Нордхаузен против домашната екипа на Турингер.Вардарки одиграа одлично прво полувреме по кое водеа на паузата со два гола разлика (10-12). Во ово период од играта одбраната беше таа што го диктираше темпото. Ина Суслина и Андреа Пенезиќ беа ударните игли во составот на Индира Кастратовиќ.Во вториот дел почетокот им припадна на „црвено-црните“ и со лесно дојдоа до водство од три разлика (14-11). Сепак Турингер не се предаде, ги консолидира редовите во одбраната на чело со денеска фантастичната голманка Јана Краузе која успеа да фати 20 топки, дојде до целосен пресврт и инфаркт завршница. Во самата завршница судиите оправдано досудија пенал за Вардар на една минута до крајот. Пеналот го изведе Маја Зебиќ, но јунакот на Турингер голманката Краузе го одбрани и ја доведе екипата до победа. Во последниот напад на пет секунди до крајот домаќинките постигнаа гол и заслужено се радуваа.Со овој пораз ЖРК Вардар во следната рунда пренесува само три бода од групата во која уште беа и Подравка и Будуќност.Во Лигата на шампионите следни пауза поради европското првенство за жени кое се игра во декември.Вардарки одиграа одлично прво полувреме по кое водеа на паузата со два гола разлика (10-12). Во ово период од играта одбраната беше таа што го дикт
Пронајдете не на следниве мрежи: