Ненад Петровиќ од Белград стана жртва на интернет измама.Овој 29-годишен дечко на страницата https://www.kupujemprodajem.com/ нарачал notebook кој го платил 12 100 динари и наместо уредот на домашната адреса му стигнало парче дрво тешко повеќе од 2 килограми.
“Пакетот ми стигна следниот ден откога го порачавnotebook-от. Кога ја отворив кутијата се изненадив што видов дрво. Веднаш го вратив во поштата за да им објаснам дека сум измамен и да ги стопираат парите. Пакетот го отвори и комисија која ми препорача случајот да го пријавам во полиција. Тоа и го направив и кога се вратив во поштата ми објаснија дека ништо не успеале да направат и парите веќе биле пратени”, рече Ненад.
Измамениот дечко се обратил и на страницата на која ја направил порачката:”На страницата нема ниту телефонски број, самоe-mail.Огласот преку кој го купив notebook-от е тргнат и два часа откога оставив коментар за измамата, беше тргнат “, објасни и додаде дека не му е јасно како може никој да не реагира кога и оној кој купува и оној кој продава мора да остави основни податоци.
Приказната има неверојатен крај: во меѓувреме на Петровиќ неофицијално му се јавил човекот кој му го продадал уредот и му рекол дека ќе му ги врати парите, пишува Блиц.Ненад Петровиќ од Белград стана жртва на интернет измама.