Кај нас светот не останува на младите. Кај нас светот цело време си е на старите, па некогаш и ние ќе остариме и ќе се чувствуваме како полубогови, бидејќи тоа е како заразна болест, можеби староста е најубав период од животот, којзнае.Денеска е петок, пред три дена беше вторник, а пред шест дена беше сабота и така секоја недела. Овие три дена во неделата на што ве потсетуваат? Мене овие три денови од неделата ме асоцираат на пензионерското владеење во автобусите на Јавното Сообраќајно Претпријатие. Навистина, ако не постоеле постарите и најстарите, немаше да постоиме и ние. Но…
Вчера беше четврток, тоа не е пензионерски ден, ама ден кој беше доволен за да ме инспирира целосно да ја воочам хегемонијата на нашите пензионери. Што се случи вчера?
Чекав 24ка. Во 24ка се возам два пати денот, но денеска за прв пат на автобуската постојка го забележав познатиот македонски актер, една од најпознатите актерски појави во Македонските Народни приказни и според мене еден од најголемите македонски уметници, Гоце Тодоровски. Овој човек, со кого нашите генерации пораснаа пред малите екрани, се качи пред мене, си ја куцна картата за 10 возења и си застана во редот да стои, бидејќи автобусот како и секогаш беше полн како фудбалско дерби. Човекот стоеше преку тројца луѓе од мене, со малку поднаведната глава и прилично смрштено лице. Имав впечаток дека сака да не биде забележан. Откако поминавме неколку постојки, едно младо момче стана и му рече: „Седнете, седнете…“, а Гоце благо се насмеа и дури усрамено му одговори: „Во ред е, не ми е проблем“. Секоја чест за момчето бидејќи настојуваше да седне и како низ шала рече: „Седнете, вие сте можеби уморен од снимање“, а после ова Гоце како да не можеше да не седне. Културно климна со главата и седна. После „Рекорд“ автобусот се изрелаксира и имаше место за сите да седнеме, бидејќи беше четврток и немаше пензионерска навала. Си дојде и контролата и едно по едно почна да проверува карти. Гоце седеше неколку седишта позади мене и се завртив да видам дали ќе му побараат карта. Во моментот кога тој „фраерот“ му ја побара картата за преглед останав вчудоневиден од неговата, а и воопшто од нашата свест, од нашите општествени критериуми за тоа кој треба да се третира поинаку од останатите и да биде третиран како почесен господин. Е не, Гоце Тодоровски беше третиран исто како и мене, исто како и сите други присутни во автобусот. Гоце не е пензионер, тој сеуште работи и е активен на телевизија, значи него секој ден му ја проверуваат картата. Таквите луѓе никогаш не одат во пензија. Очигледно дека тој е голем човек, него понизно би му било да се вози без карта, но нема ништо попонизно, од тоа да му ја прегледаш картата на овој човек. „Симни му капа“ отпоздрави го и продолжи да ги прегледуваш останатите патници безвредњаку еден.
Но кај нас се измашале вредностите.
Немаше ова да почнам да го пишувам, ако не се случеше претходно раскажанава случка, но сега кога веќе почнав, на кратко ќе раскажам уште нешто, за да можам да ги искомпарирам со вчерашнава случка. Ќе бидам краток бидејќи сакам да стигнам до крајот и да ги напишам последните две-три реченици, ќе уживам додека ги пишувам.
Во вторникот како и секој ден се возев со таа 24ка. Вторник како вторник, гужва како на концерт на Цеца. Стандардна процедура, се релаксиравме после „Рекорд“ и конечно седнав. Само што седнав пред мене застана една бабичка. Не изгледаше немоќно но според сите етички правила и според секое нормално домашно воспитување јас требаше да и го отстапам местото. Јас како добро воспитано момче го сторив тоа. Бабичката како да чекаше да станам и да и речам да седна, па ми се сврти и ми подвикна „Како така, зошто ти да не седеш, а јас да седам?! Што дека сум постара, како вие младите да немате свои грижи, како да немате обврски, како да не се уморувате, седи тука!“. Јас бев толку позитивно запрепастен што за момент не ми е веруваше што слушнав. Ја понудив уште еднаш да седне. Таа ме подтурна и ме седна на седиштето. Бев во афект бидејќи не очекував ваква реакција. Гледај си викам, не се понашале сите пензионери во градски превоз исто. Мислава не успеав да си ја доречам во себе, бидејќи слушнав глас од зад мене „Дечко, види зад тебе да не има некој постар за да го понудиш да седне“. Станав и малку иронично им кажав дека немам очи на грбот. Но во никој случај не можев да вратам со толкава доза на иронија во колка што ја примив иронијата од пензионерот. Беше горд што поставил ред во автобусот, си седна и најверојатно се чувствуваше како принцот до Велс.
Саботата беше преблиску за да го заборавам и ова. Седев во 24ка, не е преполна во сабота. До мене седна, нормално, бабичка. На „Рекорд“ влезе контрола, не провери сите, освен пензионерите, фала богу, „за жал“ никој не го фати без карта и си излезе. Бабата почна: „А овде влезе контрола. До тука доаѓав со 3ка, таму не влезе, а знаеш колку млади деца се возеа без карта, знаеш колку деца не платија карта, за срамота, срамота. На што личи тоа!…“. Сигурно накити уште некоја стилска фигура но сега не можам да се сетам. Јас тивко и наивно и реков: „Па добро, ете вас бесплатен ви е превозот, што има врска“. Бабичката продолжи со жар да дебатира: „Ама млади деца, млади, не пензионери, абе млади деца не плаќаат карти, страшно!“, Ми дојде некој избувлив нагон, но си го стегнав во себе. Па на тие деца не им се трошат 35 денари за превоз, оти со тие пари ќе си стават помфрит во хамбургерот, или два пати ако се извозат без карта ќе им излезат пари за кафе. Тие не земаат пензија, нив од дома пари има даваат, кој колку има, ама тие пари не се доволни за сите младалачки задоволства. Ако случајно ова што го помислив во себе ми се испуштеше и го прозборев, тогаш ќе бев најневоспитаното и најбезвредното суштество кое некогаш згазило на автобускиот под на автобус од ЈСП. Бабата надоврза уште нешто за некултурата кај младите и за среќа мене ми дојде ред да се симнам.
За целосно да ми се оформи сликата дека пензионерите свесно или подсвесно се борат за хегемонија во градскиот превоз и дека си дозволуваат секаква слобода ме доувери и денешново видео.
Покрај ова, завчера беше хит и оваа вест.
Дали треба да учиме од постарите и вака да се однесуваме?
Што ми е сликата што сакам да ја доловам. Кога Гоце Тодоровски се однесува како просечен македонски граѓанин и плаќа карта и контролата му ја прегледува таа картата, а пензионерите се понашаат како полубогови и си дозволуваат да не газат нас младите, тогаш очигледно нешто сме „утнале“ во меѓучовечките односи.
Старите луѓе биле како децата. Ма немој молимте. Децата се радознали, за се прашуваат и се сакаат да дознаат. Некогаш ќе ве прашаат и нешто што не сте очекувале да ве прашаат, а старите лице не прашуваат, тие само кажуваат, бидејќи виделе многу повеќе од нас младите, иако од времето кога тие биле млади, до ден денес само сексот е останат ист. Прашајте ги и за интернетот нешто и за тоа ќе ви објаснат.
Кај нас светот не останува на младите. Кај нас светот цело време си е на старите, па некогаш и ние ќе остариме и ќе се чувствуваме како полубогови, бидејќи тоа е како заразна болест, можеби староста е најубав период од животот, којзнае.
Г. АнгелескиДенеска е петок, пред три дена беше вторник, а пред шест дена беше сабота и така секоја недела. Овие три дена во неделата на што ве потсетуваат? Ме