Жртвите на македонскиот комунистички тоталитаризам

15.01.1945. – Во ноќта меѓу 15 и 16 јануари се извршени двете најмасовни и најбрутални стрелања во Титова Македонија. Без судење и почитување на презумцијата на невиност, во најголема тајност и итност, од истражниот затвор на ОЗН-а во Велес се егзекутираа 53, а во Куманово 48 затвореници под глобално сомневање дека се „народни непријатели”. Масакрот е прогласен за „државна тајна” (!?). Полувековниот молк го прекина Титовиот биограф, политичарот и академик д-р Владимир Дедиер кој во април 1990 година во двонеделникот „21”, орган на ЦК СКМ, отворено го обвини некогашниот шеф на КОС, генералот Јефто Шашиќ кој во Велес „една ноќ ги зграпчил затворениците за гуша и без сослушување сите ги стрелал”. Во автобиографските белешки, објавени 1999 година претседателот на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов Ченто обелодени дека за стрелањата во Велес и во Куманово дознал од семејствата, откако тие биле извршени без да биде информиран и консултиран. Како иницијатор тој го посочи Едвард Кардељ, а за наредбодавач Лазар Колишевски. Истиот ден отпатувал за Белград каде објаснување побарал од маршалот Тито кој исто така не бил информиран и веднаш издал наредба да престанат стрелањата без судење. Според д-р Дедиер, во тој период во Југославија без судење биле ликвидирани 140.000 луѓе.Низ комунистичкиот режим
За репресиите на комунистичкиот режим во повоена Југославија вообичаено се посочуваат само депортираните 32.000 лица на Голи Оток, преземени од објавената анализа на Владимир Дедиер. Кај нас како да е забрането да се постави прашањето каков беше комунистичкиот режим во Македонскиот тоталитарен комунизам, содржан и во Резолуцијата на Советот на Европа, не се однесува на Народноослободителната борба на македонскиот народ (1941-1944) и на борците на македонската национална револуција, туку на повоена комунистичка Македонија (1945-1990). Или поточно, да се осудат, доколку ги има, сите деформации, злоупотреби и репресии на македонскиот комунистички режим и да се посочат виновниците за таквите појави. Од повоена комунистичка Македонија до денес се истражуваше и се пишуваше само за жртвите на фашистичкиот режим, а пристапот до документите за жртвите на комунистичкиот режим не беше дозволен. Затоа не се објавени ниту приближни показатели за жртвите на македонскиот комунистички режим. Македонските историчари, публицисти, социолози и политиколози единствено ги обработуваа политичко-идеолошките аспекти на комунистичката бирократско-догматска деформација на општеството, а не жртвите на таквиот тоталитарен систем. За разлика од другите источноевропски комунистички држави, се уште не располагаме со архивска граѓа со која можеме научно да ги документираме жртвите на нашиот комунистички тоталитаризам. Нашите одговорни и далекусежни раководители на Партијата навреме ги тргнаа или ги уништија документите, па затоа во Државниот архив нема документација за нивниот тоталитаризам. Меѓутоа, се уште се живи современиците и сведоците на настаните, како и роднините и потомците на невините жртви. Се поставува прашање за одведените 820 лица на Голи Оток , каде што „живите им завидуваа на мртвите”, за мистериозните убиства на скопското Кале (1945), за масовните убиства во Куманово (1945 – при што недотепаните живи закопани ги молеле своите џелати да ги дотепаат) и во Ресен (1945), за 53 стрелани без судење во Велес (1945), за бројните поединечни убиства, стрелања без судење, затворања, интернирања (Илија Чулев, Брашнаров, Шатев, Ченто, Пирузе, Фотев, Мире Анастасов, В. Марковски). Порачаните убиства на Лена Стојчевска (нејзиниот убиец В. Бурзевски пред неколку години во присуство на повеќемина историчари изјави: „Да ми наредеше Партијата, и мајка ми ќе ја убиев”) и на Панде Чесноска (во присуство на народниот херој З. Билјановски и М. Мицајков)? Случајот со петте струмички студенти кои една августовска вечер во 1951 година беа насилно собрани од струмичкото корзо, оттргнати од прегратките на своите девојки, одведени кон границата и свирепо убиени (по наредба на месниот комунистички функционер М. Минанева). И никој досега ниту нешто одговарал ниту, пак, е гонет или казнет за овие злосторства без судење. Е, барем за овие случаи Сојузот на борците требаше да има храброст и доблест да се извини и да се огради од незаконските репресии и тоталитаризмот во своите редови, од сите оние што го компромитираа и го вулгаризираа социјалистичко-комунистичкиот систем.  Тоталитаризмот на македонскиот комунизам се прикриваше под маската на „југословенскиот (српски) врховизам“, односно слепо и крваво зачувување на Македонија во рамките на братска Југославија преку елиминирање на целокупната политичка опозиција во Македонија, која по Втората светска војна се појави и дејствуваше за своја Македонија, за Македонија без тутор. А ваквиот т.н. црвен терор, за разлика од другите источноевропски држави, па и поранешни југословенски републики, е мошне карактеристичен, бидејќи станува збор за лица кои се бореле за самостојна, независна, обединета и демократска македонска држава, што во 1991 година стана и реалност.
А сега за жртвите на македонскиот комунизам!
Според првата и единствена официјална „Информација за преземените мерки на органите на власта спрема државјани на Р. Македонија за кои во периодот 1945-1993 година се располагало со основани сомненија дека дејствувале за формирање самостојна и обединета Македонија”, изработена од МВР во 1993 година, во периодот 1945-1985 година вкупно во Македонија биле откриени 105 илегални групи и организации со над 1.200 припадници, чие дејствување било насочено кон „отцепување на Македонија од заедницата на југословенските народи и создавање самостојна и обединета Македонија”. Од нив од слобода биле лишени 1.045 припадници на илегалните групи и организации, од кои 242 биле осудени на смрт или на временска казна до 15 години. Во периодот од 1945 до 1980 година се одржале околу 700 политички процеси против членовите и припадниците на тајните организации и групи, на кои биле изречени стотици смртни пресуди и долгогодишни затворски казни.  За бројот на прогонуваните, затвораните и осудуваните лица со поинакви политички убедувања од постојниот комунистички режим доволно говорат 14.000 политички досиеја што ги водела Службата за државна безбедност при МВР и 22.000 затворски досиеја на затворените политички лица во затворот „Идризово”, или вкупно 36.000 досиеја. Тоа се политички досиеја на лица (од разни возрасти и професии – револуционери, интелектуалци, лекари, студенти, обични и полуписмени селани, лица во поодмината возраст и ученици-гимназисти, деца на 16 години), затворани, осудувани, прогонувани и стрелани во периодот 1945-1985 година од новата македонска комунистичка власт само затоа што се бореле за самостојна, независна, демократска и граѓанска Република Македонија и за идеалите на ВМРО. Ова е можеби единствен пример во историјата на човештвото некој да биде осуден од сопствената власт за патриотизам, за љубов спрема сопствената татковина. Според неофицијалните податоци, во периодот 1949-1951 биле затворени 7.330 средношколци, а само во затворот „Идризово” биле затворени 2.500 политички затвореници. И на крајот, ако направиме рекапитулација од официјалните и од неофицијалните податоци, доаѓаме до бројка од околу 50.000 македонски граѓани: уапсени, депортирани, судени, затворани, осудени на смрт, стрелани, убиени, исчезнати и кои имале политички и затворски досиеја. А сето ова е направено под знакот на „српот и чеканот”, во името на „диктатурата на пролетеријатот”, а од страна на „авангардата на работничката класа”. Секоја историографија е недовршена и привремена, затоа што „секоја историја е историја на сегашноста”. Па затоа, секоја генерација повторно си ја пишува својата историја, затоа што историчарите на комунистичките режими речиси секогаш се необјективни. Историографските факти се производ на нивната идеолошка деформација, на нивното комунистичко сфаќање на историјата, бидејќи „со својата слободна волја влијаат на историскиот тек“ 
Преземено од Македонска нацијаНиз комунистичкиот режим
За репресиите на комунистичкиот режим во повоена Југославија вообичаено се посочуваат само депорт

Пронајдете не на следниве мрежи: