Ѕвезда на Гранд се огласи по инцидент со актерот Сергеј Трифуновиќ: Му одржа лекција во неколку реченици!

Актерот Сергеј Трифуновиќ напуштил ревија, откако слушнал дека на настанот ќе пее Вања Мијатовиќ. Вања се огласила по инцидентот и напишала порака на својот Фејсбук профил.Пејачката истакнала дека ја цени работата на Сергеј Трифуновиќ и дека разбира што не му се допаѓа музиката што таа ја изведува, но дека со своето однесување го скренал вниманието од хуманитарниот настан.
„Пред сѐ, би сакала да истакнам дека ова јавно соопштение е единствен достоен вид на моето обраќање пред сите вас кои без престан ми праќате пораки за поддршка, но и прашања во врска со објавениот скандал со нашиот ценет и слободно можам да речам и понатаму еден од моите омилени актери Сергеј Трифуновиќ.
Жал ми е што во свет на различности и понатаму тежнееме за осуди кон нешто што одбиваме да го разбереме ако веќе немаме потреба да го прифатиме или признаеме. А посебно ако станува збор за уметност, па уште кога таа налетува на неразбирање од страна на некој кој и самиот е уметник.
Музиката одамна не познава граници и отсекогаш се делела на добра и лоша. Перцепцијата на доживување и карактеризирање на нешто дека е добро или лошо, секогаш е работа на индивидуалната природа на човекот. Затоа Сергеј има целосно разбирање од моја страна што не му се допаѓа мојата музика. Со настанатиот `скандал`, за жал, предизвикан со демонстративниот гест на Сергеј, ја доведовме во прашање суштината на тој собир и на моменти ја потиснавме хуманоста која единствено беше важна таа вечер. По сѐ се надевам дека Сергеј ќе умее на вистинскиот начин да го протолкува моето соопштение и дека ќе ме повика барем на премиерата на неговиот нареден филм или претстава“ – напишала Вања на својот профил.Пејачката истакнала дека ја цени работата на Сергеј Трифуновиќ и дека разбира што не му се допаѓа музиката што таа ја изведува, но дека со своето о

Пронајдете не на следниве мрежи: