Ѕвездата на Кутлеш блесна над гробот на Тодор Александров, Бугарите гневни

„Постапката е еднаква на веење туѓо знаме пред претседателството“, коментираат разгневените Бугари.Знамето со Ѕвездата на Кутлеш, кое што беше национално знаме на Македонија од 1992 до 1995 година, беше закачено над гробот на водачот на ВМРО Тодор Александров на Пирин планина, над с.Сугарево, Мелничко. За ова на социјалните мрежи алармираа Бугарите на двете страни на бугарско-македонската граница, се вели во бугарските медиуми.
Во текстот се вели: „Неофицијално се дознава дека акцијата е извршена од активист на непозната организација „Македонско патриотско здружение Тодор Александров“. Од една страна тие го величаат Тодор Александров, кого Скопје не се обидува да си го присвои со толкав труд како што тоа го прави за Гоце Делчев, на пример. Од друга страна, тие го користат македонскиот правопис, и дури во своите објави тврдат дека ја сакаат Пиринска Македонија, под мотото „Македонија на Македонците“.

Некои Фејсбук корисници го нарекуваат ова „сквернавење“, а други се закануваат дека ќе најдат начин да се справат со оние кои го поставиле знамето.
„Денешното ВМРО се гради околу овој гроб. За нив тој е светост, тој е срцето на организацијата, на која се заколнуваат со пиштол, нож, крст, Библија и знаме. Да се стави вакво знаме на гробот на човекот поради кој постоиш како организација, е исто како да ти го заробиле военото знаме. Акцијата за поставување на вакво знаме токму таму не е обична желба за славење, туку е удар врз ВМРО и бугарштината, и е еднакво на веење странско знаме пред претседателството“, коментираат Бугарите на социјалните мрежи.
Гробот на Тодор Александров се наоѓа во Пирин планина над с.Сугарево, Мелничко. На 3 септември – денот на смртта на војводата, кој раководел со ВМРО, секоја година се собираат Бугари и Македонци за да му оддадат почит.
„Ѕвездата е уште едно „откритие“, кое Македонија се обидува да го присвои. Таа беше поставена на знамето на земјата по отцепувањето од Југославија, на што остро се спротистави Грција. Македонија беше принудена во 1995 година да го промени знамето со сегашното, кое е стилизирана варијанта на ѕвездата, и иронично го нарекуваат вентилатор“, се вели во бугарските медиуми.Знамето со Ѕвездата на Кутлеш, кое што беше национално знаме на Македонија од 1992 до 1995 година, беше закачено над гробот на водачот на ВМРО Тодо

Пронајдете не на следниве мрежи: