Ѕвезди коишто станале мајки преку сурогатство

Иако имаат милиони на банкарските сметки и фанови низ целиот свет, ѕвездите на прво место се луѓе. И тие страдаат од истите проблеми како многумина од нас, меѓу кои е неплодноста.Децата се едно од најубавите нешта во нашиот живот, но за жал, некои жени имаат репродуктивни проблеми. Овие ѕвезди докажуваат дека сурогатство е добар алтернативен начин да го остварите својот сон и да го проширите семејството.
Тајра Бенкс
Супермоделот се подложила на лекување на неплодност и ин витро постапки, но без резултат. Затоа решила да има дете преку сурогат мајка. Таа и нејзиниот партнер Ерик Аслан станаа родители на убаво момче со име Јорк, во јануари 2016 година.

Елизабет Бенкс
Ѕвездата од „Игри на гладните“ има две деца, кои се добиени од сурогант мајка. Синовите на актерката и нејзиниот сопруг Макс Ханделман се викаат Магнус и Феликс.

Луси Лиу
Во 2015 година на виделина се појави нејзиниот син Роквел Лојд преку сурогат мајка. Актерката одлучила дека е дојдено време да има дете, без да има маж до себе.

Сара Џесика Паркер
Актерката и нејзиниот сопруг Метју Бродерик имаат две близначиња од сурогат мајка. Откако го родила синот Џејмс по природен пат, ѕвездата од „Сексот и градот“ долго време не може да забремени, па затоа се свртела кон сурогат мајка, која им помогнала да го зголемат своето семејство со две девојчиња.

Никол Кидман
Никол Кидман и Кит Урбан имаат една ќерка, која е зачната по природен пат, но бидејќи тогаш имале проблеми, се свртеле кон сурогатство. Така, на виделина се појавува второто дете Фејт Маргарет.

Џордана Брустер
Ѕвездата од „Брзи и бесни“ има два сина (Џулијан и Роуан) кои се добиени од сурогат мајки.Децата се едно од најубавите нешта во нашиот живот, но за жал, некои жени имаат репродуктивни проблеми. Овие ѕвезди докажуваат дека сурогатство е д

Пронајдете не на следниве мрежи: