Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ му честиташе на претседателскиот кандидат на Движењето Европа Сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ, за, како што наведе, неговиот избор за прв европски претседател во историјата на Црна Гора.
„Му честитам на изборот на Милатовиќ за прв европски претседател во историјата на Црна Гора. Мисијата е завршена“, напиша Абазовиќ на Твитер.
Тој додаде дека пред Црна Гора сега е светла иднина.
„Ќе работиме заедно за европска, граѓанска и еколошка држава“, додаде вечерва Абазовиќ на Твитер.
Пронајдете не на следниве мрежи: