Австралија ќе ги олесни ограничувањата поврзани со КОРОНА ВИРУСОТ
Австралија ќе ги олесни ограничувањата за социјално дистанцирање во неколку чекори во текот на следните четири недели, изјавија владини претставници.
Австралискиот совет на министри денеска се состана за да одлучи кои рестриктивни мерки ќе се укинат поради намалувањето на бројот на нови случаи на коронавирусот.
Австралија во март воведе строги ограничувања за физичко растојание, заедно со затворање на границите, што драстично го намали бројот на новозаразени со коронавирусот.
Експерти предупредуваат на можен пораст на ХИВ, маларија и други болести за време на корона-кризата
Со нешто над 20 новозаразени дневно, австралискиот премиер Скот Морисон денеска почна разговори со шефовите на државите и териториите за да одлучи кои ограничувања ќе се олеснат.
Ублажувањето ќе се одвива постепено, со цел мерките да не доведат до повторен пораст на заразата, изјавија двајца извори запознаени со планот и додадоа дека ограничувањата ќе се укинуваат постепено во четири седмици.
Австралија има 6914 потврдени случаи на заразени со коронавирусот. Од Ковид-19 починаa досега 97 луѓе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.