Австрискиот весник „Kronen Zeitung“ објавил вест во која се занимава со цените во Хрватска.
Тие пишуваат дека Хрватска повеќе не е евтина летна, дестинација, а сето тоа го поврзуваат со воведувањето на еврото.
„Путер 4,5 евра, пица 18 евра и паркинг за 40 евра – тоа што звучи како луксузен одмор во скапата Швајцарија всушност се случува во една поевтина земја за одмор. Во Хрватска цените се искачија до небо откако е воведено еврото“, пишува австрискиот весник.
Читателите ги потсетија дека Хрватска од 1 јануари 2023 година повеќе ја нема куната како валута, туку еврото и дека во исто време е укината контролата на границите кон земјите од ЕУ. Велат дека отворените граници особено ги радуваат туристите. Но, ситуацијата е поразлична, во однос на тамошните цени.
„Она на што туристите помалку се радуваат е воведувањето на еврото, а со тоа цените се зголемиле“, пишува весникот.
Тие ги пренеле и изјавите на одредена Брижит, читателка на весникот:
„Моментално сум на одмор во Хрватска и тука е поскапо отколку во Австрија“, изјавила Брижит. Таа рекла и дека ја нервираат „некои јадења кои и без прилог имаат неверојатна цена“.
„Пица за 18 евра, парче месо 38 евра“, наброила австриската туристка која за весникот кажала и дека во супермаркет путерот чини 4,5 евра.