Агнеса „замотана“ само со крпа им ја „РАСПАЛИ“ ФАНТАЗИЈАТА на многумина 

Инфлуенсерката Агнеса Органџиева важи за една од најпознатите Македонки на социјалните мрежи. Таа постојано објавува фотографии на својот профил, а овој пат покажа дека се уште изгледа како дваесетгодишна девојка.

Грижливо води сметка за својот изглед, па каде и да се појави привлекува внимание, а тоа е така и на социјалните мрежи..

Имено, Органџиева овој пат го запали Инстаграм со снимка на која е само со крпа додека во преден план се нејзините нозе.
Убавата скопјанка во оваа пригода го покажа своето беспрекорно тело и убавите нозе, додека нејзините облини беа покриени.

Таа е решена својот изглед да го донесе до совршенство и постојано тренира, што можевме да го видиме и во последните неколку недели од нејзините објави на социјалните мрежи. А и резултатот е и повеќе од видлив.
Инаку, Агнеса најмногу е позната по своите модни комбинации кои им преставуваат инспирација на многу дами.

Таа е вистински мајстор како од обични, едноставни модни парчиња што може да си ги дозволи секој, да направи да изгледаат гламурозно, а како што самата вели во едно интервју за Гламур магазин, не е зависна од брендирана облека, туку обожава да комбинира се што ќе и се допадне.
„Кога сум во можност, јас знам да се почестам со добро парче, поскапо. Но не е битно дали си облечен во скапо парче, битно е тоа што го носиш да знаеш да го носиш. Јас секогаш тргнувам од едно правило – како се чувствуваш, така и те гледаат“, изјави таа неодамна за Гламур магазин.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.