Куче убило дете!
Росоклија на Фејсбук го коментира трагичниот случај во кој куче уби дете во скопската населба Пинтија. Росоклија вели дека одговорност на сопственикот на животното е да се погрижи да не повреди никого, а оправдувањата за постапката на кучето и обвинувањата дека детето е виновно се еднакви на оправдувањата на педофили и силувачи.
Објаснувањата и оправдувањата (за однесувањето на кучето) се идентични со објаснувањата и оправдувањата што ги даваат педофилите, дека детето е виновно, детето ги предизвикало да го силуваат, како и тепачите и силувачите на жени, дека жената е виновна, жената имала кратка сукња, жената им се насмевнала, жената им дала повод….
Психопатите се психопати и се однесуваат психопатски, кучето е животно кое се однесува како животно и одговорност на сопственикот на кучето е, да ги заштити луѓето од животното.
Сопственик на животно кое претставува потенцијална опасност за луѓето во околината, сноси полна одговорност кога тоа животно ќе повреди или убие човек.
Во САД, полна одговорност значи долгогодишен или доживотен затвор, а животното бива евтаназирано.
Животното, куче, не функционира со разум и емоции, функционира водено од своите инстинкти.
“Детето влегло во туѓ двор, кучето го раскинало, виновно е детето?”
Размислување кое ја дијагностицира личноста што вака мисли.
Прочитав нечие искуство, “дека децата кои му доаѓаат на гости со родителите, иако опоменати, си играле со кучињата во станот.“
За дете да ја разбере опомената, треба да ја сфати опасноста, а детето нема капацитет за тоа.
Еден од моите синови има 3 кучиња, вика не се опасни. Две се Кокер Шпаниел, едното е арапски Салуки. Кога патува, јас ги чувам. Во лифт не влегувам со други луѓе, излегувам од лифтот држејќи ги на краток каиш буквално до грлото, кога родителите на децата ќе ме прашаат дали детето може да ги погали им одговарам да не го прават тоа затоа што не ја знам природата на кучињата. Истиот одговор им го давам на сопствениците на други кучиња кога ме прашуваат дали ќе дозволам да играат со нивните кучиња.
Триве кучиња на син ми, кога се кај мене дома, а имам гости, ги затворам во соба и во таа соба се заградени со метална ограда во дел од собата.
Кучињата не се мои, но одговорноста за нивното однесување во мојот стан или на улица, е моја.
Животно што напаѓа луѓе, не смее да живее меѓу луѓе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.