Ако влеземе во ЕУ Македонија повторно ќе биде практично обединета, нема да има граници со Бугарија и Грција, народите ќе се движат и ќе се зблужуваат, ако таква хемија бара бугарскиот амбасадор тогаш политичарите треба да се тргнат и народот сам ќе ја воспостави, вели во гостување во Само вистина Филип Петровски.
Според него лошите односи меѓу државите и политичките врвови се поради, меѓу другото, мешањето на Москва, а и на леград и структури од тие држави во односите меѓу Македонија и Бугарија.
Петровски додаде дека првите планови за поделба на Македонија откако не успеал Санстефанскиот договор бил токму кроен во Москва, што според него ќе разочара многу русофили во државата, но е историска вистина.
Пронајдете не на следниве мрежи: