Промените на Уставот власта сака да ги спроведе “на слепо“, односно прво да гласаат за дури потоа да дознаат за што гласале, буквално идентично како и во случајот со “Тиранската платформа“. Не сакал граѓаните да се вознемируваат, затоа и не требало да знаат што ќе содржат измените на Уставот.
Според Заев слобода значи неинформираност, значи граѓаните треба да гласаат без да знаат за што -.ќе им се каже отпосле, кога веќе ќе биде доцна
.“Ако знаат за што ќе гласаат на Референдумот на граѓаните ќе им биде непријатно, а мора да бидат слободни при гласањето, јавно изјави премиерот Зоран Заев.
Власта, очигледно, повторно сака да ја употреби истата финта како и со “Тиранската платформа“. Во изборната кампања на СДСМ таа беше само “вмро-вска фикција“ и “само во главата на Груевски“, за измените за јазиците/јазикот во Уставот до денес да останат непознати.
Дали во измените на Уставот ќе влезе и Законот за јазици – поточно само за албанскиот јазик, како што отворено најавуваат дел од албанските партии, по што пак најверојатно, ќе почне да се турка и идејата за федерализација – останува да чекаме и да видиме.
Важно е дека власта води сметка да не заштити од вознемирувања и да не ни биде непријатно – дури и кога се работи за постоењето на државата ни – Македонија, Северна Македонија или како и да ќе се вика во иднина.