Поранешната министерка за култура од јули 2000. до ноември 2002. година, Ганка Цветанова по терористичкиот напад во Стразбур му реплицира на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за безалтернативноста на Преспански договор во однос на членството на Македонија во Европска унија.
-Францускиот амбасадор Тимоние ни порачува дека не постоел резервен план за Договорот од Преспа. Алтернативата било да се остане парализиран на патот кон ЕУ. Ако е ова “таа“ ЕУ каде што треба да итаме, јас би да останеме и причекаме…“, напиша на својот профил на Твитер поранешната министерка Цветанова.