Емоционалната интелигенција е способност за препознавање, разбирање и управување со сопствените емоции, како и препознавање и разбирање на влијанието врз емоциите на другите луѓе. Се работи за емпатија, самосвест и почит. Сепак, некои луѓе, за жал, не успеаја да развијат емоционална интелигенција. Семејната и брачната советничка, Тина Феј, тврди дека одредени фрази може да укажуваат на недостаток на емоционална интелигенција кај мажите. Еве што таа издвои.1. Премногу си чувствителна„Ако мажот редовно ја користи фразата „премногу сте чувствителна“, тоа е знак за ниска емоционална интелигенција. Таа фраза ги отфрла вашите чувства и вината ја префрла врз вас“, вели Феј за Hack Spirit.Така, наместо човекот да преземе одговорност за своите постапки или зборови, тој нè обвинува нас за нашата реакција.,,Емоционалната интелигенција вклучува емпатија и разбирање. Тоа значи да бидете свесни за тоа како вашите постапки влијаат на другите. Затоа, ако мажот често ви кажува дека сте премногу чувствителни, тоа покажува недостаток на емоционален увид и свесност”, додаде таа.2. Не ми е гајлеДруга фраза што укажува на ниска емоционална интелигенција е „Не ми е гајле“. Советникот објаснува: „Тоа е отворено и директно отфрлање на чувствата или грижите на другите. Ако мажот редовно ја користи оваа фраза, особено како одговор на вашите чувства или грижи, тоа е знак за ниска емоционална интелигенција“.3. Тоа не е голема работаФразата која брзо може да го открие недостатокот на емоционална интелигенција е: „Не е толку голема работа“.Кога мажот често ја користи оваа фраза, тоа сугерира дека му е тешко да сочувствува со другите. За жал, тој може да не разбере дека она што може да му изгледа како мала работа, може да биде голема работа за друга личност.„Вистинската емоционална интелигенција вклучува препознавање и почитување на чувствата на другите, дури и ако тие се разликуваат од вашите“, заклучува Феј.
Пронајдете не на следниве мрежи: