Правиме сè за да го задоволиме партнерот и заедно да уживаме во сексот, но жените понекогаш непотребно кажуваат некои ситни лаги
Сите жени понекогаш лажат кога се во кревет со партнерот. Сепак, ако тоа ви се случува често, немојте да мислите дека сè ќе се реши. Тоа значи дека не сте на вистинскиот пат и мора да најдете друго решение. Ова се некои од најчестите женски лаги изговорени во кревет:
„Ова беше најдобриот секс во мојот живот“
Понекогаш навистина е така! Но во повеќето случаи, тој е просечен или добар. Нема потреба секој пат да глумите воодушевување.
„Да, секако дека доживеав оргазам“
За жал, повеќето жени не сакаат да го разочараат партнерот, па често лажат дека доживеале оргазам. Најдобро е да му кажете на партнерот што ви годи најмногу и како да ве задоволи, наместо да глумите.
„Ништо нема да се смени меѓу нас“
Ова особено важи за сите пријатели кои се впуштиле во сексуални односи мислејќи дека тоа нема да го смени нивниот однос. Дали е тоа точно? Не сме баш сигурни!
„Не, не се засрамив, баш сум кул“
Секако дека воопшто не сте се засрамиле поради чудниот звук што излегол од вашето тело!
„Да, би сакала повторно да имаме секс – веднаш“
Признајте дека прво би се милувале малку со него!