Ако не ги чувствувате овие мириси, можеби имате ковид-19
Знаејќи дека овој симптом што медицински е наречен аносмија може да послужи како клучен индикатор за дијагностицирање, било направено едно истражување за да се пронајдат одредени мириси кои би можеле да послужат како валиден тест за ковид-19. Истражувањето е спроведена во Индија и се избрани мириси што многу често се користат во индиските домаќинства. Откриено е дека луѓето заразени со ковид-19 потешко го чувствуваат мирисот на нане и на кокосово масло, а на тој список се додадени уште три мириси – анасон, лук и кардамон (растение од семејството на ѓумбирите).
Постојат неколку причини зошто луѓето заразени со ковид-19 може да го изгубат чувството за мирис. Прво, тоа е болест на горниот респираторен тракт, која се изразува во форма на назална конгестија. Покрај тоа, вирусот предизвикува воспалителна реакција во внатрешноста на носот што доведува до губење на мирисните неврони. Ако се сомневате дека имате коронавирус, проверете дали ги чувствувате следните мириси:
Кафе
Нема ништо помоќно од кафето што ги стимулира вашите сетила. Меѓутоа, ако не ги чувствувате слатката арома и нежниот мирис, би било добро да се консултирате со лекар.
Лук
Лукот е уште еден јасен индикатор што треба да се земе предвид ако се обидувате да утврдите дали имате ковид-19. Невозможно е да не го почувствувате неговиот екстремно силен мирис, освен ако не ве нападнал коронавирусот.
Шампон
Ако се туширате и не го чувствувате мирисот на омилениот шампон, особено ако е со арома на кокос, тоа може да биде јасен знак дека имате ковид-19.
Цитрусно овошје
Друга опција што ви е понудена за тестирање на ковид-19 дома е мирисот на јужните овошја, како што се лимон, мандарина, портокал, грејпфрут итн. Ако не можете да го почувствувате мирисот на свежо исечено овошје, тоа е алармантен знак.
Есенцијални масла
Ако не ја чувствувате слатката арома на вашето омилено есенцијално масло, особено ако е од лаванда или нане, тоа е знак дека треба да се тестирате за ковид-19.